Тренинг за менторки во Скопје во рамки на проектот  „Програма за (само)вработување на самохрани мајки“ финансиран од ЕУ

- Advertisement -

 

Во Скопје денес ќе се одржи обука за менторство и менторски процес на бизнис жени – идни менторки, во рамките на проектот „Програма за (само)вработување на самохрани мајки“, финансиран од Европската Унија, кој се спроведува од страна на Здружението на бизнис жени, во партнерство со Бизнис Конфедерација на Македонија и Институт за менаџмент поддршка.

- Advertisement -

Тренингот ќе се одржи во Канцеларијата за Млади на Општина Центар – Скопје, а е наменет за жените, претприемачки и менаџерки, заинтересирани да се вклучат во менторскиот процес, како менторки. Содржините на обуката се насочени кон аспектите, знаењата и вештините потребни за успешно менторирање. Кон обуката, со присуство и презентација, како поддршка на проектните активности, ќе се приклучи и претставник на АВРМ, при што жените – идни менторки директно и во детали ќе бидат запознаени со тековните активности и мерки на АВРМ за (само)вработување.

Оваа обука е втора, од предвидените три, по веќе одржаната обука во Штип во петокот, на 18.08.2017, а потребна е за вовед во менторирањето на целната група на проектот, како составен дел од  сеопфатниот проектен модел за поддршка на самохраните мајки (особено жртвите на семејно насилство), за да им помогне во изнаоѓањето и искористувањето на можностите за постојано вработување и/или самовработување, во соработка со општините, надлежните институции и бизнис секторот, преку соодветни инфо сесии, како и со испорака на бизнис и вокациски обуки и соодветен процес на менторирање.

- Advertisement -

Повеќе информации на фб страната на проектот:

https://www.facebook.com/The-Single-mother-SelfEmployment-programme-280534589041745/

Сподели!
- Advertisement -