Има 2,3 милиони фотоволтаични панели во паркот Мохамед бин Рашид Ал Мактум во близина на Дубаи, а сега масивната соларна фарма ќе добие проширување од 700 мегават-часови. Тоа проширување ќе биде со најголемата соларна кула во светот.
Првата фаза од соларниот парк стана функционална во 2013 година со 13 мегават-часови. Сега има капацитет од 200 мегават-часови откако беше поставена втората фаза во март годинава. Но, компанијата Dubai Electricity and Water Authority (DEWA) има големи планови за соларниот парк: до 2020 година тие планираат да го зголемат капацитетот на 5.000 мегават-часови.
DEWA неодамна потроши плати 4 милијарди долари за четвртата фаза од соларниот , која ќе ја работат компаниите ACWA Power од Саудиска Арабија и Shanghai Electric од Кина. Извршниот директор на DEWA, Саеед Мохамед Ал Тајер, истакна дека нивниот фокус на обновлива енергија доведува до пад на цените на соларната енергија во светот.
Концентрираната соларна енергија во минатото беше поскапа од традиционалната соларна енергија, и тоа беше една од негативните страни. Но, со ваквите проекти може да се складира и топлина како форма на енергија за подоцнежна употреба. Во 2030 година соларниот парк ќе зафаќа површина од 210 квадратни километри и ќе ја намали емеисијата на јаглерод диоксид за 6,5 милиони метрички тони годишно.
(Inhabitat)