19 C
Skopje
понеделник, јуни 1, 2020

51% од вработените бараат нова работа – еве каде грешат нивните шефови

Kabtel desktop

Од сите елементи кои придонесуваат за стабилност на бизнисот задржувањето на вработените можеби е најбитниот и влијае на сите дневни операции до управувањето со буџаетот и HR. Најновото истражување на Gallup покажува дека 51% од вработените во светот бараат нова работа. Доколку не ви се допаѓаат овие проценти, размислте зошто вработените го прават тоа.

Според Gallup, вработените сакаат бенефити како флексибилно работно место, парични бонуси, споделување на профитот, добар пензиски план. Но, дури и кога ги имаат тие бенефити, вработените често не ги смеатаат за привлечни и наместо тоа сакаат можност да се развиваат како личност. Всушност, миленијалците сметаат дека значајната работа и професионалниот развој се најбитните фактори кои означуваат успех во кариерата.

Прашањето што се поставува тука е зошто можноста да се расте како личност денес е толку битна? Бидејќи работата зазема голем дел од животот на еден модерен работник, вработените денес очекуваат многу поголем ипоинаков придонес од едноставна заработка на плата. Особено миленијалците сакаат да работат нешто што има значење и ги прави да се чувствуваат битни.

Со други зборови, станува збор за недоволен баланс. Додека порано луѓето имале шанса да прават работи кои ги исполнуваат после работното време, тие биле задоволни со својата работа. Сега поради поголемите обврски, повисоките трошоци и притисокот да се држи темпо со некои трендови вработените ги немаат истите можности. Доколку веќе мора да бидат на работа, тие сакаат токму таму да растат ментално, емоционално и креативно. Јазот меѓу тоа што го сакаат вработение и тоа што го нудат работодавците постои затоа што компаниите не ни сфаќаат колкава корист има една компанија од вработените кои работат на персоналниот развој.

Поддржувањето на саморазвојот на вработените на подлабоко ниво отколку флексибилното работно време  не само што ќе резултира со поангажирани, попродуктивни вработени, туку ќе ја поттикне нивната кретивност, што како последица ќе има поголема конкурентност на компанијата. Обуките и коучингот се одличен начин да се постигне тоа.Доколку сакате да примените коучинг, еве кои се трите клучни елементи кои треба да ги имате предвид.

1.Не се фокусирајте само на извршните позиции. Премногу често само тие што се на повисока позиција во компанијата добиваат коучинг или обуки. Сепак, во срцето на една компанија се наоѓаат идните лидери и вработените од некое средно ниво кои секојдневно влијаат на однесувањето на другите вработени.

2. Помогнете им на вработените да се чувствуваат исполнети на работа. Според некои податоци од извештајот  State of the American Workplace на Gallup за 2017 година, вработените се поангажирани на работа кога го работат тоа што го знаат најдобро. Сепак, пролбемот тука е што многу вработени имаат вештини и таленти кои немаат прилика да ги покажат. Вие треба да ги откриете тие скриени таленти кај секого.

3. Измерете ги ефектите од програмата за коучинг за да го видите повратот на својата инвестиција. Мерењето на ефектите на коучингот претежно се сведува на задоволството на вработените, но други мерења за тоа колку е корисна и какви ефекти дава се многу битни. Преку мерење ќе видите дали програмата резултира со поангажирани и покреативни вработени.

 

(Inc.com)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •