Ова се најскапите технолошки квартови во светот

- Advertisement -

Брзорастечките технолошки екосистеми почнаа да влијаат на цената на квадрат простор во светот. Технолошките стартапи и големите корпорации секој ден се обидуваат да ја извлечат најдобрата цена која рапидно расте. Во оваа техно галерија можете да ги видите анјскапите технолошки хабови во светот.

Вајтфилд во Бенгалур, Индија

- Advertisement -

Вајтфилд е кварт во градот Бенгалур во државата Карнатаки во Индија. Поради се поголемиот интерес за ИТ индустријата во него во изминатите неколку години се појави голем број брзорастечки технолошки компании. Поради тоа квадратен метар во Вајтфилд денес чини 103,2 долари.

Гуро-гу во Сеул, Јужна Кореја

- Advertisement -

Квартот Гуру е сместен во Сеул. Пред неколку години Гуру беше најпознат по силната текстилна индустрија, додека денес е најпознат како седиште на многу технолошки компании. Квадратен метар таму чини 156,2 долари.

Cyber City во Гургаону, Индија

- Advertisement -

DLF Cyber City е име на корпоративен парк во Гургаону. Во него се наоѓаат некои од најголемите компании во ИТ бизнисот, а визуелната тема му е футуристички комерцијалн хаб. Квадратен метар простор чини 218,2 долари.

Санта Фе во Мексико

Санта Фе уште од четириесеттите години на минатиот век е познат како град на науката, но во последно време е се поактуелен како дестинација за технолошки хабови. Токму затоа во последните неколку години цената на квадратен метар достигна 292,1 долари.

Ричмонд Викторија во Мелбурн, Австралија

Мелбурн е одлично место за отворање подружница. Таму можете да ја пронајдете Националната банка на Австралија и Telstrа (најголемата технолошка компанија во Австралија). Отворањето компанија во Ричмонд не е евтино – еден квадратен метар чини 343,2 долари.

Пирмонт во Сиднеј, Австралија

Сиднеј постојано привлекува се повеќе технолошки компании. Во централниот дел на градот, поточно во делот на Примонт се наоѓаат компании како Freelancer.com, Atlassian, SIRCA и BigCommerce. Доколку сакате да и дојдете во соседство тоа ќе ва чини 361,66 долари за квадратен метар канцелариски простор.

Поцдамер плац во Берлин, Германија

Во ерата кога апсолутно секој град мора да има своја Силиконска Долина, Берлин одлучи да го понуди својот Поцдамер плац. Зголемената популарност на овој бизнис кварт во Берлин резултира со повисока цена на квадратен метар простор – 435 долари.

One-North во Квинстаун, Сингапур

One-north е подзона на бизнис паркот сместен во Квинстаун во Сингапур. Паркот го изгради корпорацијата JTC за истражување и развој на висока технологија, биомедицина, инфокомуникациска технолгоија и медиумска индустрија. Квадратен метар канцелариски простор тука чини 445,4 долари.

Жонгуанкун во Пекинг, Кина

Квартот е сместен во северозападниот дел на Пекинг и е нашироко познат во Кина, а често го нарекуваат и тамошна Силиконска Долина. Квадратен метар простор во овој кинески кварт чини 588,5 долари.

Бруклин во Њујорк, САД

Њујорк и Бруклин се гордеат со таканаречениот Бруклински технолошки триаголник, односно седиште на повеќе од 500 технолошки компании. Ако планирате да се прселите таму, треба однапред да знаете дека воопшто не е евтино – квадратен метар простор чини 603,2 долари.

Централен бизнис кварт во Бангкок, Тајланд

Терминот централен бизнис кварт се користи за централниот дел од Бангкок. Станува збор за мешавина од бизнис сектори и станбени згради густо населени, но сепак се една функционална целина. Квадратен метар простор тука чини вртоглави 709,3 долари.

Шордич во Лондон, Обединето Кралство

Колку би ве чинела канцеларија сместена во најпознатиот и најбараниот бизнис кварт во Лондон. Прилично многу. Според неодамнешно истражување, Shoreditch Tech Hub ја носи титулата најскап бизнис кварт во светот – квадратен метар чини неверојатни 976,2 долари.

(tportal.hr)

Сподели!
- Advertisement -