Денес правиме многу повеќе пластичен отпад отколку кога било порано и тој ги загадува океаните и нашата вода за пиење. До 2050 година се очекува во морињата да има повеќе пластика отколку риби, додека повеќе од 80% од водата од чешма ќе содржи микропластика. Иницијативите од типот на New Plastics Economy имаат за цел да го сопрат овој тренд преку охрабрување на индустријата за пластика да креира повторно употребливи пластични производи. Други, пак во меѓувреме бараат начини да се промени самата структура на пластиката.
Научници од Центарот за одржливи хемиски технологии на Универзитетот во Бат имаат слатко репение на проблемот – тие успешно креираа пластика која не содржи штетни материјали и е биоразградлива, а направена е од само шеќер и јаглерод диоксид. Јаглерод диоксидот се додава на природниот шеќер тимидин во услови на низок притисок и на собна температура. Со процесот се добива поликарбонат или цврст тип на пластика кој може да се користи за правење пластични шишиња, стакла за очила, екрани за телефони отпорни на гребење, цедеа итн.
Поликарбонатите вообичаено се направени од петрохемикалии и не се разградливи, што значи дека придонесуваат за уште поголем пластичен отпад. За разлика од нив новата пластика направена од шеќер природно се разложува и со ензими кои се наоѓаат во почвата лесно може да се разложи до шеќер и јаглерод диоксид. Друга предност е тоа што во текот на производниот процес на се испуштаат токсични хемикалии.
Со употребата на тимидин научниците истовремено обезбедија и примена на оваа пластика во медицината. Бидејќи тимидинот е еден од составните делови на ДНК и веќе е присутен во човеќкото тело, оваа пластика е биокомпатибилна и може да се употребува правење вештачки ткива.
(World Economic Forum)