Речиси 1,5 милиони евра ќе се пласираат до крајот на годината за иновативните мали и средни претријатија

- Advertisement -

Владата на Република Македонија деновиве донесе одлука Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој да објави меѓународен оглас за избор на нови членови на Комитетот за одобрување на инвестиции. Со ова ќе се овозможи пласман на предвидените 90 милиони денари за реализација на иновативни решенија за мали и средни претпријатија од последниот повик на Фондот.

„Фондот достави предлог до Владата за надминување на пречките во реализација на 4тиот повик за проекти. Со прифаќање на предлогот, овозможено е продолжување на процесот на селекција и реален пласман на над 85 милиони денари во економијата до крај на 2017г.
Дополнително, се овозможува и подготовка и објавување на следен повик за постојните два, како и за нови два инструменти на Фондот. Станува збор за технолошка екстензија и акцелератор. Во планот за 2018г предвидено е дизајн на нов инструмент за примена на иновации во јавен сектор, како и отворање на Фонд за еквити и мезанин инвестиции, што е предвидено во третиот дел на пакет економски мерки на Владата“, изјави за Иновативност Јован деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолопки развој.

Сподели!
- Advertisement -