Ова се топ 25 високо технолошки градови во светот

- Advertisement -

Business Insider во соработка со консултантска куќа специјализирана за анализа на иновативни градови, ги рангираше најдобрите високо технолошки градови во светот.

За помалку од 35 години, Светската здравствена организација смета дека две третини од вкупната популација во светот ќе живее во урбани заедници. Станува збор за број од 2.5 милијарда луѓе. Градовите кои ќе бидат најнапредни се оние кои функционираат на најнова технологија и создаваат можности за луѓето да развиваат нови технологии.

Business Insider во соработка со консултантска куќа која специјализирана за анализа на иновативни градови, ги рангираше најдобрите високо технолошки градови во светот. При тоа биле користени неколку фактори како бројот на патенти по глава на жител, стартапи, ниво на користење на паметни телефони итн.

- Advertisement -

Рангирани се вкупно 85 градови, а ова се првите 25 од листата.

  1. Вашингтон, САД

Американскиот главен град започна брзо да се развива и да зазема место на технолошката сцена минатата деценија каде бројот на работни места во технолошката индустрија се зголеми за 50%. Денес повеќе од 1 000 се стационирани во Вашингтон.

- Advertisement -
  1. Барселона, Шпанија

Шпанскиот град се најде во првите 25 пласирани на листата за првпат минатата година најмногу поради растот на населението кое работи во индустриски дизајн и поради користењето на паметните телефони.

Инфраструктурата за паметни телефони е толку софистицирана што електрични кутии поставени низ цела Барселона содржат компјутери кои регистрираат звуци, модели на возење и колку селфиња се направени од луѓето.

- Advertisement -
  1. Копенхаген, Данска

Она што Копенхаген го нема кога станува збор за стартапи и фондови на ризичен капитал го надокнадува со иновативно урбано планирање и претставува значаен центар за индустриски дизајн.

До 2025 година, градот планира да престане да користи фосилни горива, а да ги замени со ветерна енергија. Градската развиена велосипедска култура и бројот на архитектонски фирми му дозволува на Копенхаген да биде не само зелен град, туку и прекрасен.

  1. Хонг Конг, Кина

Наместо да биде напреден во една единствена категорија, Хонг Конг добил по некој поен од секоја категорија. Градот инвестира многу пари во истражување и развој на градски иновации, а овде е регистирана една од најбрзите интернет мрежи во Кина. 51% од извозот на градот се технолошки производи кои вредат околу 243 милијарда долари.

  1. Берлин, Германија

Германскиот главен град може да се пофали со силна стартап сцена и го има еден од највисоките нивоа на инвестиции од фондови на ризичен капитал во Европа.

Берлин е исто така центар на голем дел од европската автомобилска индустрија. Тој е единствениот град во светот каде сите големи автомобилски брендови се застапени.

  1. Шенжен, Кина

Овој град е истакнат најмногу по патентираните производи кои излегуваат од овде. Станува збор за град од јужниот дел на Кина со популација од 11 милиони жители.

Како дел од градските напори за поголемо производство, Шенжен најмногу се разви во последниве неколку години и стана центар за компании кои специјализираат во роботика. Неколку телекомуникациски и електронски гиганти денес се стационирани овде.

  1. Бангалор, Индија

Ниту еден друг град на листата не се искачи за толку многу места, како што тоа го направи Бангалор кој скокна од 49 на 19 место.

Причината за ова е поголемата концентрација на ИТ компании каде денес работи голем дел од градската популација на програмери. Половина од популацијата на Индија е под 25 години и многу од нив се вклучуваат на растечката технолошка сцена, создавајќи неверојатен циклус на раст.

  1. Монтреал, Канада

Ако сакате да работите како индустриски дизајнер или програмер, размислете да барате работа во Монтреал. Овој град денес е центар особено за технолошки компании кои работат со виртуелна реалност.

Дополнително, градот е дом на компании кои специјазираат во технологија која се носи, односно изработка на облека и други предмети по мерка со виртуелна реалност.

  1. Шангај, Кина

Најблиското нешто кое Шангај го има до Силиконската долина е својот Zhangjiang Hi-Tech Park. Овде работат преку 100 000 работници во илјадници технолошки компании.

Како многу од кинеските технолошки градови, Шангај е познат по патенти и фондови на ризичен капитал.

  1. Пекинг, Кина

Иако можеби на градов му недостига стартап култура која е застапена во останатите високо технолошки градови, Пекинг е познат по користењето на паметните телефони ширум градот и по бројот на патенти по глава на жител. Сцената на фондови на ризичен капитал исто така се развива брзо поради што градот се искачи дури 15 места на оваа листа од минатата година,

  1. Амстердам, Холандија

Комбинацијата во Амстердам од финансиски технологија, енергетска ефикасност и стартап култура е причината зошто градот е еден од најразвиените во Европа иако е многу помал од останатите високо технолошки градови (има една третина од популацијата на Берлин).

Оваа година властите во градот најавија дека ќе ја банираат употребата на гориво и дизел за автомобилите до 2025 година во корист на електронските автомобили.

  1. Ванкувер, Канада

Во 2014 година Ванкувер беше наречен Силиконската долина од северот поради силната стартап сцена во градот.

Овде постојат повеќе од 600 компании за дигитални медиуми кои генерираат повеќе од 2 милијарда долари приходи. Универзитетите фокусирани на технологија и ниските даноци за технолошките компании го направија градот привлечен за идните инженери и за докажаните претприемачи.

  1. Стокхолм, Шведска

Со мисии да стане град каде нема да мора да се употребува кеш плаќање и град целосно ослободен од фосилни горива, Стокхолм целосно ја прифаќа дигиталната и еколошката револуција.

Градот исто така е седиште на првите неколку стартапи кои вредат милијарди долари во Европа и е втор по ред пазар во светот за инвестиции од фондови на ризичен капитал. Поради ова програмерите се’ повеќе и повеќе се селат во Стокхолм.

  1. Токио, Јапонија

Најголемиот град во светот не ја добил оваа титула без да достигнеимпресивни нивоа на инфраструктура, особено кога станува збор за транспорт. Подземниот систем за јавен превоз во Токио го користат 2,3 милијарда луѓе годишно.

Токио се докажал во полето на инвестиции од фондови на ризичен капитал и е дом на голем број на технолошки гиганти. Градот се подготвува да биде домаќин на Олимписките игри во 2020 година.

  1. Далас, САД

Пред само неколку години, Далас се покажа како центар за стартапи во САД. Градот од сојузната држава Тексас се искачил од 28 место во 2016 година поради брзиот раст на бројот на фондови на ризичен капитал и интеграцијата на технологијата во градското планирање.

  1. Чикаго, САД

Можеби овој град од сојузната држава Илиноис на прв поглед не изгледа како магнет за стартапи, Чикаго брзо го докажа спротивното. Еден извештај од неодамна покажа дека Илиноис е место кое се наоѓа меѓу првите пет за високо технолошки работни места во САД, голем дел од нив во самиот Чикаго.

Чикаго исто така е центар за иновации за градско планирање најмногу поради проектот City Digital кој има цел да донесе решенија поврзани со енергетска ефикасност и транспорт.

  1. Торонто, Канада

Како град кој изобилува со стартапи и иновативна инфраструктура, Торонто денес е дом на околу 30% од ИТ компаниите во Канада, најголем број од нив со вработени од над 50. Ова значи дека овде постои „плодна почва“ за млади компании кои се стремат кон тоа да остават импакт во наредната деценија.

Компаниите кои денес работат во Торонто остваруваат околу 52 милијарда долари годишен приход.

  1. Сингапур

Сингапур денес може да се пофали со огромен број на програмери и инвеститори. Овој град – држава постојано презентира нови инфраструктурни и високо технолошки решенија, како она кога изгради цела вештачка шума во градот која апсорбира дождовна вода.

Градот има остварено и партнерство со универзитетот MIT од Бостон за да воспостави попаметен транспорт кој помалку ќе зависи од приватните автомобили, а повеќе на градски превоз.

  1. Бостон, САД

Голем број на нови и напредни технологии доаѓаат од Бостон најчесто поврзани со универзитетите како MIT, Harvard, Tufts и Northeastern кои специјализиаат во биотехнологија и роботика.

Градот од американската сојузна држава Масачусетс има и многу фирми со фондови на ризичен капитал кои постојано инвестираат во лаборатории за иновации и стартапи кои произлегуваат од универзитетите. Компании како Facebook и Amazon веќе отворија свои канцеларии во Бостон со цел да бидат први кои ќе им понудат работа на ново дипломираните таленти.

  1. Тајпеј, Тајван

Истражувањето покажало дека Тајпеј е неприкосновен лидер кога станува збор за индустриски дизајн. Градот е дом на неколку компании кои се фокусирани на хардвер, како на пример  Asus, MSI, Gigabyte и Acer.

Градот исто така добил доста поени поради присуството на фондови на ризичен капитал.

  1. Сеул, Јужна Кореја

Сеул е наречен градот на иднината и тоа со право. Иновациите се практично вградени во градскиот дизајн, со метрото како еден од најнапредните проекти. Исто така, градот патентира нови производи најмногу во светот.

4. Лос Анѓелес, САД

Филмската индустрија не е единствената во Лос Анџелес. Во 2014 година, извештајот на LA County Economic Development Corporation открил дека Лос Анџелес нуди најмногу високо технолошки работни позиции од било кој друг регион во САД.

Стартапите и фондовите на ризичен капитал играат најголема улога во развојот на технолошкиот сектор во Лос Анџелес.

  1. Лондон, Англија

Лондон стана архетип за град со напреден јавен транспорт поради проектот Crossrail кој беше најавен минатата година. До 2018 година, десет нови линии за воз ќе поврзат триесет од веќе постоечките станици со ново изградени тунели. Вреден 20 милијарда долари, ова е најголемиот градежен објект во Европа.

Лондон денес има најмногу стартапи и програмери од било кој друг град во светот. Според некои претпоставки, во Лондон има повеќе ИТ работни позиции отколку во Калифорнија. Се претпоставува исто така дека ќе има дополнителни 11 000 работни позиции во технолошкиот сектор во наредните десет години.

  1. Њујорк, САД

Иако градот е неверојатно заостанат кога станува збор за јавниот превоз и инфраструктурата, од друга стана пак е многу прогресивен.

Според проценките, скоро 7 000 високо технолошки компании во Њу Јорк обезбедиле 100 000 работни места во третиот квартал на 2013 година. Градот успешно интегрирал технологија достапна ширум целиот град која опфаќа и слободен безжичен интернет. Експертите сметаат дека Њу Јорк само што започнува да навлегува во ова.

  1. Сан Франциско, САД

Доколку секој град претендира кон тоа да стане Силиконската долина во својата држава или регион, може да се каже дека Силиконската долина стана златниот стандард во технолошката индустрија.

Не може да се побие фактот дека Сан Франциско стана епицентар за сите технолошки нешта почнувајќи од огромната стартап култура до фондовите на ризичен капитал, како и големата популација на програмери и дизајнери.

Силиконската долина победува во скоро секоја категорија бидејќи денес од овде започнува целиот ланец на технолошки и иновациски понуди.

(World Economic Forum)

 

 

Сподели!
- Advertisement -