Претседателот на УО на Стопанска Банка а.д Битола се закити со две награди од престижниот магазин The Business Worldwide

- Advertisement -

„НАШИОТ ПРИСТАП ЌЕ ЈА ДИФЕРЕНЦИРА СТОПАНСКА БАНКА а.д. БИТОЛА КАКО НАЈИНОВАТИВНА, МОДЕРНА И ЕФИКАСНА БАНКА ВО БАНКАРСКИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“
М-р Владимир Ефтимоски, претседател на УО на СТББТ

Претседателот на Управниот одбор на Стопанска Банка а.д Битола, м-р Ефтимоски, од страна на меѓународниот финансиски магазин „The Business Worldwide” и оваа година доби две престижни награди: „Најдобар главен извршен менаџер за развојна стратегија во банкарскиот сектор во Македонија за 2017“ и „Главен извршен менаџер во банкарскиот сектор за Југоисточна Европа за 2017“.

- Advertisement -

Финансискиот магазин “The Business Worldwide” е еден од водечките светски извори на авторитативна анализа на меѓународниот финансиски и банкарски сектор. Се чита во повеќе од 200 земји и претставува едни од главните извори на информации за клучните фактори на одлучување во финансиското работење.

Својот углед го базираат на објективност, влијание, интегритет и точност во информирањето. Искусни економски новинари, ажурно и секојдневно пренесуваат вести од банкарскиот сектор, брокерските работи, фондови, менаџмент на богатство, корпоративно владеење, спојувања и превземања… се под еден глобален чадор.

- Advertisement -

При одлучувањето за доделување на наградите на претседателот на Управниот одбор на банката, г-нот Ефтимоски, жирито на финансискиот магазин „The Business Worldwide”, кој има преку 62.000 читатели, се раководеше од иновативниот и посветен пристап на г-нот Ефтимоски во банкарството. Тој пристап доведе до стабилен раст на банката и покрај финансиската и политичка криза со која се соочуваше земјата во изминатите две години.

Наградите кои му беа доделени на г-н Ефтимоски беа објавени и на портали и онлајн сервиси како Reuters, Marketwatch, Bloomberg terminals, Dow Jones, LexisNexis, Yahoo News!, CNBC и Forbes. Во прилог е линкот од интервјуто на м-р Владимир Ефтимоски, дадено за магазинот “The Business Worldwide”: https://www.bwmonline.com/2017/10/11/stopanska-banka-a-d-bitola-revolutionising-banking-in-macedonia/

Сподели!
- Advertisement -