19.8 C
Skopje
сабота, јуни 12, 2021

Единственото победничко сценарио за регионалната ИТ индустрија е да настапува здружено!

Kabtel desktop

 Интервју со Делјан Лилов, менаџер на компанијата Musala Soft, кој ќе биде еден од учесниците на претсојниот Самит Македонија 2025. Компанијата во моментов вработува 500 специјалисти во Бугарија и Македонија со амбиција да станат 1.000 до 2020 година!

  • Г-н Лилов, дали и како Македонија може да стане хаб за паметни инустрии? Кои се клучните предности на земјата во поглед на остварување на оваа цел?

Интернет технологиите се актуелни насекаде. Гледано од бизнис перспектива, ИКТ продира во секој аспект од нашиот (дури и приватниот) живот, додека пак е од национален интерес за секоја земја да се стреми кон развој на ИКТ капацитетот. Ова е особено точно за некои региони, а Балканот е еден од нив (Бугарија, Македонија, Романија, Србија, Албанија, Косово…). Македонија не е сама во ова патешествие – има конкуренти, но и партнери во соседството. Верувам дека победничкото сценарио е да се претстави регионот како една целина – како кластер, позициониран како погодна локација кога станува збор за „паметните индустрии“. Во обратен случај, секој од играчите е премал за да привлечe сериозни, значајни интереси.

  • Од кога Вашата компанија има свое претставништво во Македонија? Со што конкретно се занимавате? Зошто Македонија? 

    Започнавме со работа во Скопје пред околу 2 години и сега имаме речиси 150 професионалци кои работаат во нашиот развоен центар во Соравија. Во Скопје реализираме софтверски проекти за индустриски гиганти како BMW, Deutsche Telecom, големи европски јавни институции, интерни програми за иновации итн. Го избравме Скопје затоа што блискоста (географска и културна) и многу добриот интелектуален капацитет се вистински погодок.

  • Кажете ни нешто повеќе за Musala Soft, компанијата со која менаџирате? За кои пазари работите, во кои индустрии најмногу партиципирате со Вашите иновативни решенија?

Мусала Софт е основана во 2000-та година. Моментално, се фокусираме на развој на идната генерација на ИТ решенија за влијателни организации. Ние работиме со компании како ИТ гигантите IBM и VMware, најголемите светски телекомуникациски компании, врвни технолошки лидери и автомобилските корпорации. Наши сфери на експертиза се Cloud and Integration for cloud, Big Data, Analytics, Augmented Intelligence, IoT, Connected World. Од географска перспектива, поголемиот дел од бизнисот доаѓа од Западна Европа и САД, со додавање на некои клучни клиенти и проекти во Бугарија. Сега сме 500 специјалисти во Бугарија и Македонија со цел да станеме 1000 до 2020 година. Последните неколку години успешно одржуваме повеќе од 25% раст и планот е да продолжиме со овој тренд.

  • Ваше размислување, како може ИКТ индустријата во балканските земји да добие поголемо значење во европската па и светска ИТ сцена?

Сигурен сум дека ова може да исполни, само ако ние (Балканските земји) работиме заедно. Барем во догледна иднина, ниту една од Балканските земји не можат сами да станат доволно значајни за да влијаат на пазарот – мора да вложиме заеднички труд. Заеднички труд и напор за да изградиме програми за развој на таленти, за привлекување на надворешни таленти (пример од Азија), за позиционирање на регионот како центар за ИТ таленти и одлично место за живеење.

  • Еден совет до компаниите од другите индустрии- зошто на ИКТ индустријата треба да гледаат како на партнер и катапулт за издигнување на повисоко ниво и поголема конкурентност?

Тие едноставно немаат избор – или ќе прифатат нови технологии или ќе изумрат – ова е тренд кој никој не може да го запре. Пред извесно време прочитав една статија за одгледување на краставици и овошје во Холандија, земја која е сега клучен играч во развојот на агрикултурата – резултат постигнат со помош на технологија, компјутери и софтвер, кој одигра многу важна улога во целиот процес.

 

 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •