Новите автомобили на Mitsubishi ќе се грижат за безбедноста во сообраќајот

- Advertisement -

Проектирањето визуелна помош на патот за поголема безбедност за другите учесници во сообраќајот не е нова идеја

Mercedes работеше на тоа преку сет паметни концептуални предни светла, а системот Xfire им овозможува на велосипедистите да проектираат виртуелна велосипедска зона околу нив. Сега Mitsubishi Electric ја истражува темата со систем за проектирање кој е дизајниран да ги предупреди останатите возила за наредниот потег на возачот на автомобилот. Системот Mitsubishi Electric Safe and Secure Lighting е дизајниран за користење ноќе, кога според некои статистики се случуваат 60% од судирите со пешаци. Компанијата се надева дека со проекциите кои ги испуштаат автомобилите ќе се намали опасноста. На пример, системот проектира триаголен симбол сличен на Wi-Fi кога следува отворање на вратата, кој е еден од најголемите ризици за велосипедистите.  Проекциите се активираат автоматски во зависност од активностите на луѓето во колата. Од Mitsubishi Electric велат дека уште работат на системот за да го направат побезбеден и поефективен за спречување незгоди. Иако ќе помине уште време додека системот се најде во автомобилите по патиштата, компанијата го презентира во електричниот концепт автомобил „емираи“ на Tokyo Motor Show од 27 октомври до 5 ноември.

(New Atlas)

Сподели!
- Advertisement -