Отворена нова винарница „Чифлик“ во Битола

- Advertisement -

 

Во селото Брусник под Пелистер, во близина на Битола, во средината на септември беше отворена новата винарница „Чифлик”. Станува збор за инвестиција од неколку милиони евра на семејството Стојчевски од Битола, кое ја продолжува едновековната семејна традиција на производство на вино

Во новата винарница „Чифлик”, според зборовите на сопствениците, вината се произведуваат по специфичен терк на производство, наречен самотек, кој е доста скап, но затоа дава навистина квалитетни вински производи.

- Advertisement -

Моменталниот асортиман на вина, правени според семејни рецепти чувани со генерации, опфаќа четири бели (Темјаника премиум, Темјаника класик, Совињон блан и Шардоне) и две црвени вина (Каберне совињон и куве Амброзија) во пакување од 0,75 л. Суровината за производство на своите вина ја снабдуваат од тиквешкиот регион, од каде откупуваат неколку сорти грозје од еден лозар.

Во рамки на комплексот на винарницата има и вински ресторан, како и мотел со сместувачки капацитет за околу 50 гости. Целта ни беше да направиме нешто уникатно, нешто што го нема во Битола, со цел да ги искористиме природните богатства и да го развиеме винскиот туризам и туризмот во нашиот град, вели за InStore Филип Стојановски, сопственик на „Чифлик”.

- Advertisement -

Како што нè информираше тој, продажбата на вината на винарницата за почеток се планира да се одвива само преку нивниот вински ресторан, во рамки на самата винарница, а подоцна, кога брендот локално ќе се етаблира, би ги дистрибуирале и во селектирани трговски и угостителски објекти.

(InStore.mk)

Сподели!
- Advertisement -