Играчките за деца повеќе не се тоа што беа порано: барбиките сега имаат механички мозоци, а гаџетите од типот на паметни часовници се прилагодуваат за децата. Се што е конектирано на Интернет може да се хакира или да се злоупотреби за собирање чувствителни информации за корисникот. Сега тоа важи и за децата.
Последниот пример го откри девелоперот Рој Солберг, кој докажа дека паметниот часовник Gator 2, кој наводно е прилагоден за деца, лесно може да се хакира преку веб пребарувач. Часовникот се рекламира како првиот детси мобилен телефон и емитува GPS информации за локацијата на децата цео време додека го носат.
Додека го тестираше часовникот за неговото дете Солберг отри дека секој може да ја смени опцијата за следење на децата и да ги симне пораките кои се испраќани меѓу родителите и децата. Потребен е само уникатниот сериски број кој го има секој уред кој се конекtира на Интернет, односно IMEI бројот. Отако самиот успеал да го хакира часовникот, успеал да симне пораки од сличен Gator часовник од Шведска.
„Кога купувате ваков производ очекувате децата да ви бидат побезбедни кога го носат, но всушност, ги загрозувате сопствените деца. Секој може да го следи вашето дете, па дури и да види каде вообичаено се двии детето“ вели Солберг.
Ова не е првиот гаџет кој се рекламира како наменет за деца и има вакави безбедносни проблеми. Во 2015 година истражувачи на сајбер бeзбедноста открија дека можат да хакираат барбики конектирани на Интернет за да ги шпионираат децата кои си играат со нив. Истражувачите тогаш успеаја директно да пристапат до микрофонот на куклите, да снимаат се што „слуша“ куклата , а преку неа да пристапат и до wi-fi мрежата во целиот дом.
„Овие информации откриваат многу работи за сопственикот на домот, за тоа што работи. Потребно е малку време за да ги смениме серверите со наши и куклата да кажува се што ќе и кажеме“ изјавија тогаш истражувачите.
Компанијата Mattel, производител на Barbie, одлучи да го откаже лансирањето на паметен звучник за деца поради грижата за безбедноста и приватноста на децата. Претходно годинава преку едно паметно мече играчка беа снимени 2 милиони разговори на родители и деца и беа откриени 800.000 детали за банкарски сметки. Во исто време Гермнаија ја забрани паметната кукла.
Ситуацијата стана сериозна па се вмеша и ФБИ. Во јули годинава бирото препорача родителите да размислат за последиците од користењето играчки конектирани на Интернет во нивните домови. „Таквите играчки имаат сензори, микрофони, компоненти за складирање податоци и други мултимедиски опции, како и препознавање на говор и опција за GPS. Тие опции ќе ја загрозат безбедноста и приватноста на децата“ порачаа од ФБИ.
(Quarz)