Потврден одличниот кредитен рејтинг на Заваровалница Триглав

- Advertisement -

 

A.M.Best го потврди кредитниот рејтинг „А“, со стабилна среднорочна прогноза

- Advertisement -

 

Агенцијата за кредитен рејтинг A.M. Best, во рамките на редовната годишна ревизија на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав Ре, ги потврди кредитниот рејтинг на финансиската моќ „А“ (одлично) и рејтингот на кредитна способност за изадавање на обврзници „а“ (одлично). Кредитниот рејтинг за двете друштва е со стабилна среднорочна прогноза.

- Advertisement -

Агенцијата за кредитен рејтинг A.M.Best повторно го потврди кредитниот рејтинг на Заваровалница Триглав. Овој рејтинг се темели врз високиот степен на финансиска моќ на Групацијата Триглав, одличното работење во последните пет години и на соодветното управување со ризиците. Агенцијата за кредитен рејтинг утврди дека Групацијата Триглав е добро капитализирана, промислено управува со резервите и дека има висок степен на финансиска флексибилност. На работењето влијаат ниските каматни стапки и ситуацијата во доменот на осигурување на живот, којашто станува сѐ подобра.

Агенцијата A.M.Best при рангирањето ја нагласува предноста на водечката позиција на Групацијата Триглав на словенечкиот пазар и во регионот. Според мислењето на агенцијата, Групацијата Триглав вон Словенија го подобрува работењето и активно бара дополнителни, финансиски ефикасни продажни канали. Покрај ова, се наведува и влијанието на подобрените економски услови во доменот на осигурување во регионот, а истовремено се истакнува дека на овие пазари останува високо конкурентното опкружување.                                     

- Advertisement -

Агенцијата за кредитен рејтинг A.M.Best, при потврдата на високиот кредитен рејтинг за друштвото ќерка Позаваровалница РЕ, ја нагласи нејзината клучна улога како реосигурувач на сите друштва од Групацијата Триглав

Сподели!
- Advertisement -