4 C
Skopje
недела, април 11, 2021

Вештачка кожа свети кога ќе почувствува болка

Kabtel desktop

Развојот на вештачката кожа еднакво е важен за изработка на „меки роботи“ како и за подобрување на протетиката. Во последно време научниците прилично се трудат да ја опремат вештачката кожа со сензори на допир и притисок, но тие системи не можат да разликуваат јачина на притисок.

Научници од Универзитетот за наука и технологија од Хуажонг дојдоа до решение со тестирање на медузи кои под притисок емитуваат светлина како да се нападнати. За да ги имитираат медузите научниците поставија тенки сребрени жици и растеглив материјал кои можат да создаваат елетктрични сигнали кога се под доволно силен притисок. Меѓу двата слоја материјал, односно вештачка кожа има уште еден слој кој е исполнет со честички на фосфор, кои светат под посилен притисок. Кога притисокот е посилен, фосфорот се повеќе свети, па така кожата може да разликува различни нивоа на притисок.

Нивото на притисок на кое вештачката кожа реагира со осветлување е истиот на кој човекот чувствува болка, што значи дека ваквиот материјал може да има голема улога во производството на сензори кои би можеле визуелно да презентираат болка и да ги предупредат роботите на оштетување. Научниците веруваат дека нивното решение може да биде идеално за изработка на интелигентни роботи.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •