Веќе со години се зборува дека технологијата ќе преземе половина од човечките професии, а човекот на работното место ќе биде заменет од роботи. За оние пак кои сепак ќе останат да работат, експертите велат дека ќе мораат да развиваат вештини кои ќе бидат неопходни за пазарот на трудот во иднина.
„Веќе нема да постојат долготрајни вработувања на поединечни работни места, а работниците без завршено школо или пак оние со понизок степен на образование ќе останат без работа или тешко ќе се вработуваат.“, смета Бернхард фон Мутиус кој работи за германскиот весник Focus.
За пример ги наведува германските автомобилски гиганти BMW и Daimler, кои, како што вели, сè уште користат доста човечки ресурси за производство и развој на моторни делови за бензин или дизел, но кога станува збор за електрични возила што имаат многу помалку делови, веќе постои забележливо присуство на роботизирано производство.
Тој додава дека оние луѓе кои ќе имаат развиени технолошки и социјални вештини, кои ја развиваат својата креативност и се способни самостојно да се соочат со комплексните проблеми, ќе имаат големи шанси за професионален успех во иднина. Фон Мутиус ги базира овие тврдења на три клучни претпоставки. Прво, живееме во транзициски период помеѓу стариот и новиот свет и минуваме низ периодот кое е скоро еднакво исто по важност како и индустриската револуција. Не само што ова е период на технолошки напредок, туку и на социјални и културолошки промени кои го менуваат и начинот на размислување, работење и учење.
Како втор важен елемент тој го наведува податокот дка баш како и во индустрискиот период, одредени професии ќе станат непотребни. На пример, агенти за корисничка поддршка, професија која ја има во скоро секоја компанија денес која нуди услуги. Се предвидува дека одредени професии ќе бидат целосно автоматизирани, а луѓето ќе се соочат со силна конкуренцијата – машините.
Како трет елемент, фон Мутиус ја наведува креативноста како примарна компетенција на работникот во иднина и го именува овој нов период како креативна револуција.
„Во политиката, бизнисот, образованието – само оние кои умеат креативно да се соочат и да го решат проблемот, ќе бидат препознати како успешни работници во иднина.“, додава тој.
Кога станува збор за компетенциите на работникот во иднина, Бернхард фон Мутиус ги базира своите предвидувања за пазарот на трудот во иднина врз основа на истражувањата на холандскиот експерт Ник фан Дам кој составил листа од десет точки во кои ги опишал вештините кои ќе се бараат од работникот во иднина.
1. Емоционална компетентност и емпатија која може да изгради доверба
2. Координација на тимска работа и добра комуникација со другите вработени
3. Фокус кон клиентот и услужување како приоритет во работата
4. Посветеност кон луѓето, слушање и размислување во однос на другите
5. Преговарачки способности – снаодливост во нови ситуации без разлика колку се стресни и критични
6. Креативност – способност за експериментирање, визуелизација и промена
7. Способност за самостојно разбирање и решавање на сложени проблеми
8. Ментална флексибилност – способност за учење и критичко размислување
9. Расудување и носење одлуки врз основа на споредување на користа и штетата за компанијата
10. Способноста преку комбинирање и реструктуирање да се претворат непродуктивните елементи во продуктивни
(Vecernji List)