Пакомак ја поддржа акцијата „Едно капаче Една надеж +“

- Advertisement -

Пакомак во здружени сили со Министерството за животна средина и просторно планирање и СНС Ре-Пласт спроведе големата хуманитарно-еколошка акција “Едно Капаче-Една Надеж+”.
Целта на оваа акција беше, да се надминат проблемите со транспортот, складирањето и рециклирањето на собраните пластични капачиња наменети за рециклирање, како и да се најде решение да се помогне оваа убава, едукативна, хумана акција да опстане широко распространета.
Пакомак, друштво за управување со пакување и отпад од пакување  се погрижи за преземањето и транспортот на собраните капачиња, а компанијата за рециклирање СНС Ре-Пласт ќе ги преземе и рациклира капачиања.

Како и што беше замислено, за сметка на собраните капачиња беа донирани три инвалидски колички во Здружението на лица со параплегија и квадриплегија – „Без ограничувања“.
За една инвалидска количка потребно е да се рециклираат 350.000 капачиња, но Пакомак повикува оваа акција да продолжи и граѓаните да се вклучат во селектирање на пластичните капачиња. Секако, граѓаните да не забораваат да ги селектираат и подготват за рециклирање и шишињата.
Возобновената акција, симболички е наречена „Едно капаче-Една надеж +“, а покрај хуманитарниот аспект, оваа акција има исклучитечно високо еколошко ниво, која во фокус ја има подготвеноста на владата за поддршка на домашните компании кои го менаџираат отпадот.

- Advertisement -

Сите оние кои имаат собрано капачиња и чекаат да бидат преземени, како и новособраните, треба да ја пријават локацијата и лице за контакт на фејсбук страницата
https://www.facebook.com/ednokapaceednanadezplus/.
www.moepp.gov.mk

За дополнителни информации можете да се јавите во Секторот за комуникација со јавност на МЖСПП на следниот телефонски број: 03/3225 237.

- Advertisement -

Пакомак им благодари за соработката на сите вклучени во оваа хумана акција, пред се Македонската медицинска студентска асоцијација која ја иницираше и ентузијастички ја спроведуваше оваа акција уште од 2013 година, потоа сите хумани поединци, деца, ученици, наставници, граѓани, компании и фирми кои собирајќи ги капачињата покажаа како грижата за животна средина може да стане хумана и да биде остварување на нечија надеж.

Сподели!
- Advertisement -