- Advertisement -
Шокантно видео покажува како нашите навики за фрлање ѓубре го претвораат рајот на Земјата во куп ѓубре. На видеото може да се видат водите во близина на островото Роатан во Карипското Море, во близина на брегот на Хондурас. Во водите пловат милиони парчиња пластика и друг отпад и формираат прекривка од ѓубре долга неколку километри, пренесува DailyMail.
Се смета дека поради неодамнешните силни дождови во Гватемала овој отпад се нашол во морето. Неверојатната снимка покаќува како нашата планета се задушува од отпад и сите треба да ја сносиме вината за тоа. Вкупниот отпад кој моментално се наоѓа во водите во светот е за 222% повеќе од состојбата во 1992-1994 година.
- Advertisement -