Германските автомобилски производители заедно ќе градат мрежа за полнење на автомобили низ Европа

- Advertisement -

Група на германски автомобилски производители изјавија минатата недела дека со заедничка иницијатива ќе градат мрежа од 400 станици за полнење на електрични автомобили ширум Европа најдоцна до 2020 година, пишува Independent.

Иницијативата именувана како IONITY е поддржана од BMW, Daimler, Ford и Volkswagen, како и брендовите Audi и Porsche.

Неизвесноста околу издржливоста на батериите на електричните автомобили е она што не им дозволува на некои возачи да преминат од автомобили на бензин или дизел кон електрични автомобили. Но откако американскиот автомобилски производител Tesla ја започна револуцијата, докажани брендови и од Европа се приклучија кон производството на електрични автомобили поради што се заинтересирани и да инвестираат во станици за полнење на истите.

- Advertisement -

„Првата европска мрежа на станици за полнење на електрични автомобили има клучна улога во развојот на пазарот на електрични автомобили.“, истакна раководителот на IONITY, Мајкл Хаџеш. Тој додаде дека станиците ќе нудат можност за дигитално плаќање.

Групата IONITY ќе биде со седиште во Минхен, а своите први 20 станици за полнење ќе ги отвори во Германија, Австрија и Норвешка. Ќе бидат поставени на 120 километри една од друга во партнерство со Tank & Rast, Circle K и OMV.

- Advertisement -

Мрежата ќе се прошири со дополнителни 100 станици во 2018 година, а секоја од нив ќе овозможува полнење за секој возач на автомобил еден од брендовите основачи на мрежата.

Секоја станица ќе има капацитет од 350 киловати и ќе го користи европскиот стандард за полнење. Системот не е поврзан со брендовите со што станиците ќе бидат привлечни за користење од сите возачи, додаваат од IONITY.

Сподели!
- Advertisement -