Valuer.ai е данска платформа која ги поврзува стартапите со корпорации и ги отвора вратите за идни партнерства, соработки и ширење на интернационални пазари. На 23 ноември (четврток) претставници од оваа платформа доаѓаат во Скопје за да ги запознаат македонските стартапи. Тие се во потрага по иноватори кои ќе ги задоволат потребите на нивните глобални и корпоративни клиенти.
Сакаат да се сретнат со локалните иноватори, да ги споделат потребите на нивните клиенти. Откако ќе се претстават и ќе објаснат зошто тие се избрани за задачата, ќе ги понудат свите услуги на откривање, „дотерување“, следење и спојување на иноваторите со компании.
Од 14 до 17 часот ќе се зборува за стартапи, интернационални партнерства, иновации. Вашиот стартап можете да го пријавите на линкот https://valuerai.typeform.com/to/ERm7mp/. Сите заинтересирани ќе добијат шанса да го почнат процесот на лице место во Фондот за иновации и технолошки развој во Скопје.