Вилушка која го намалува звукот од сркање е прогласена за најглупав изум за 2017 година

- Advertisement -

Експертите за густата јапонска супа со парчиња тестенини или нудли велат дека вистинскиот начин да се ужива во овој национален специјалитет е истиот да се срка и вшмукува бидејќи само така може истовремено да се конзумира и течноста и тестенините. Но вшмукувањето на тестенините некои луѓе ги нервира поради што е измислена оваа вилушка која го намалува звукот од сркањето.

Јапонската компанија Nissin ја смисли вилушката наречена Otohiko и истата се продава за 130 долари, меѓутоа голем дел од јавноста веќе го препознава производот како најглупавиот изум за 2017 година.

- Advertisement -

Вилушката која се произведува во лимитирано издание има голема рачка која го „собира“ непријатниот звук од вшмукувањето на тестенините и го претвора во пријатен звук кој излегува од вашиот паметен телефон. Ова е овозможено преку поврзување со посебна апликација.

Секогаш кога корисникот ќе ја искористи вилушката Otohiko за сркање на супата, звукот ќе излегува од паметниот телефон.

- Advertisement -

Компанијата одлучила да направи дури 5000 примерока од вилушката за која многу критичари се надеваат дека сепак нема да се прошири и во другите делови од светот.

(Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -