Зошто се битни преговарачките вештини – утре во Скопје семинар на таа тема

- Advertisement -

Утре во Скопје со почеток од 10 часот во Буши хотел ќе се одржи семинар за преговарачки вештини. Семинарот наменет за менаџери, претставници за продажба, бренд и продукт менаџери, раководители и сопственици, вработени во секторот за набавки и за сите кои се во секојдневна комуникација во можност да преговараат со купувачи или доставувачи.

Секојдневната насоченост на луѓето околу нас создава постојана потреба за некаков вид преговарање. Вештините за преговарање се општо корисни за секој поединец затоа што ги решаваат конфликтите, ги подобруваат односите меѓу луѓето, можат да заштедат голем број ресурси како заштеда на време, пари, здравје и нерви. Вештините за преговарање, како и сите други вештини, можат да се унапредат со учење, тренинг, искуства и примена на наученото.

- Advertisement -

Предавач на семинарот ќе биде Драгиша Ристовски. Потекнува од претприемачко семејство – петта генерација на претприемачи, а според формалното образование е дипломиран економист. Во слободно време свири на гитара и бас гитара во групата Swing Ring. Роден е на 24.07.1973 година, оженет е за својата сопруга Ана и има ќерка Елена.

Драгиша Ристовски има повеќе од 25-годишно искуство на различни позиции: од комерцијалист на терен до директор. Како тренер за професионални вештини почнува да работи пред 15 години, а денес области на негова експертиза се директна продажба, преговарање, мотивација на вработените и лидерство. Автор е на 13 книги, бестселерите: „Губат само оние кои не играат“ и „Арената на продажбата“, објавени под псевдонимот Д.Р. Гилберт. Следни негови книги се: „Добиваат сите оние кои играат“, „Лидерот е во вас“, „Продажен ринг“, „Мапа на успехот“, „Вештина за влијание“, „Како да ги унапредите своите вештини за преговарање“, „Како да станете ефикасен менаџер за продажба“, „101 техника за влијание“ и „21 ЗОШТО и само 1 КАКО“, „Арена на продажба во XIX век“ и „Добар говор вреди повеќе од 1.000 зборови“. Во професионалните кругови е познат како енергичен предавач кој на неговите семинари и тренинзи успева да го задржи вниманието и да ги мотивира слушателите со својата позитивна енергија.

- Advertisement -

Тој е основач и директор на Д.Р. Гилберт Центар Гроуп Д.о.о и ДР. Гилберт Консалтинг, како и косопственик на уште две фирми. Работи како консултант за унапредување на продажбата за повеќе реномирани компании во поширокиот регион. На почетокот на 2012 година ја основа „Академија за комерцијална комуникација“, која официјално ја започнува својата работа на 2 јуни, кога е запишана првата генерација на посетители. Во 2014 година ја основа и „Академијата за менаџерски вештини“. Покрај академиите, тој е креатор на уште 11 авторски програми за едукација за професионални вештини, како и иницијатор на регионални конференции за продажни стратегии. Тој е еден од основачите на Luceum системи, кои ја создадоа иновативната софтверска апликација, која содржи единствен систем на мерење на компетенциите на вработените во продажба и менаџментот за продажба. Во 2016 година ја основа HR Professional Solution, како иновативен и сеопфатен пристап да поддршка на компаниите во сите сегменти на човекови ресурси. Во 2017 година го покренува D.R. Gilbert Books, која се занимава со издавачка дејност.

Во текот на својата кариера учествувал на повеќе од 2.500 тренинзи, семинари и предавања во сите земји на поранешна Југославија, на кои учествувале повеќе од 40.000 посетители. Досега на неговите семинари присуствувале претставници на повеќе од 1.200 компании, меѓу кои: Banca Intesa, ProCredit банка, Bosch, NIS Gasprom Neft, Комерцијална банка, Aplha банка, Piraeus Bank, Coca-Cola Hellenic, Fiat Srbija, Uniqa осигурување, Хемофарм, DDOR Novi Sad, Меркур Осигурување БиХ, Неопланта, Galenika, Metalac, Generali Osiguranje Srbija, Bambi-Banat, Hemofarm BiH, Tarkett Group, Erste banka, Office shoes, Zepter Internacional, Perutnina Ptuj, DM Drogerie, Schneider Electric, Црногорски Телеком…

Сподели!
- Advertisement -