Производителот на кујнски апарати Whirlpool произведе корпа за отпадоци која создава ѓубриво обработувајќи ги остатоците од храна кои и онака завршуваат во отпад, пишува порталот Engadget
Уредот именуван како Zera Food Recycler мора само да биде приклучен на струја, а сѐ што вие треба да направите е да ги фрлате остатоците од храна како овошје или зеленчук кој почнал да скапува или пак лушпите од истиот во делот наменет за тоа. Не е препорачливо да се фрлаат коски од месо и семки од овошје или зеленчук бидејќи сечилата на корпата не се толку остри.
Корпата работи со посебен филтер кој го спречува ширењето на непријатните мириси од обработката на отпадот, а може да се додаде адитив на база на растение за проџесот на обработка. Количински, корпата може да се полни со остатоци од храна од една недела и потоа да се вклучи опцијата за обработување после што ќе се добие ѓубриво кое ќе можете да го користите за во градината.
Постои и апликација за телефон со која далечински можете да управува со корпата. Продажбата се очекува да започне до крајот на годинава, по цена од 1.199 долари. Уредот е достапен да се купи и преку платформата Indiegogo по цена од 699 долари.