Пекарница во Финска прави леб од штурци

- Advertisement -

Пекарница во Финска почна да продава леб кој се прави од сушени и мелени штурци. Брашното од кое се меси лебот е направено од исушени штурци, како и од пченица и семиња.  секое парче леб чини околу 3,99 евра, содржи околу 70 штурци и има многу повеќе протеини од обичниот леб.

„На консументите им нудиме добар извор на протеини и лесен начин за да се навикнат на храната направена од инсекти“ вели Јухани Сибаков, одговорен за иновации во пекарницата Fazer, пишува Mashable.

- Advertisement -

Инсектите се извор и на масни киселни, калциум, железо и витамин Б12. Лебот на почеток ќе се продава во 11 пекарници Fazer во Хелсинки поради недостиг на брашно од штурци, но компанијата планира да го понуди во сите 47 проданвици до идната година.

Во ноември годинава Финска ја тргна забраната за продажба на инсектите како храна. Според Сибаков, Fazer уште минатото лето бил готов, но се чекало на легислативата за да почне да се продава. Според студенти кои го пробале лебот, не се забележува никаква разлика од обичните лебови.  Според податоци на Обединетите нации, околу 2 милијарди луѓе во светот јадат инсекти како дел од исхраната.

Сподели!
- Advertisement -