Паметен килим на децата им раскажува приказни

- Advertisement -

Не е нова употребата на засилена реалност за разкажување приказни, но компанијата TILT, која се фокусира на интегрирање на технологијата во текстилот, направи посебни производи со засилена реалност. Брендот ги креираше Jungle Rug и Enchanted Duvet, кои преку апликацијата SpinTales на децата им овозможуваат да навлезат во приказните како да се дел од нив.

PSFK пишува дека за да го користат килимот децата треба само да го држат таблетот или телефонот пред одредени делови од килимот за да се активира засилената реалност. Сите килими доаѓаат со делови со засилена реалност кои даваат нов живот и ново значење на интерактивните игри. Може да се избира од трите приказни: „Црвенката“, „Волкот и трите прасиња“ и „Џел и волшебниот грашок“.

Сподели!
- Advertisement -