Германскиот синџир дисконтни супермаркети Aldi на домашните миленици и на нивните сопственици им даде уште една причина за славење оваа празнична сезона – направи вино и пиво за мачки и кучиња, кои ќе почнат да се продаваат во супермаректите во Обединетото Кралство, а пишува PSFK.
Вкусните пијалаци не содржат алкохол, не се газирани и се безбедни за домашните миленици. За кучињата тука е Bottom Sniffer, пиво кое изгледа исто како пивото за нас, но е направено од мешавина од малтоза од овес, вода, глуварче, коприва, ленено семе и има вкус на пилешко месо.
За мачките тука е Pawsecco, пијалак сличен на вино, кој го има во розе и бела варијанта. Наместо грозје, кое може да биде отровно за домашните миленици, Pawsecco исто така е направено од мешавина од тревки: коприва, женшен, цвет од лимета и бозд.
„Во Обединетото Кралство има 16 милиони мачки и кучиња. Ние сме нација опседната со нашите миленици и од разговори со нашите купувачи дознавме колку голем број од нив сакаат да ги почестат своите миленици со нешто кога има специјална пригода, особено за Божиќ“ велат од Aldi UK.
Купувачите во Обединетото Кралство ќе можат да ги купат овие пијалаци за специјални пригоди почнувајќи од 7 декември. И двата пијалаци ќе се продаваат по цена од околу 3 евра и се дел од еден цел асортиман од грицки и други награди за домашните миленици кои маркетот ќе ги нуди годинава.