„Среќен Божик“ е првата СМС порака која е испратена на 3. декември 1992 година. Истата тогаш била напишала од компјутер. Оваа година се прославуваат 25 години од испраќањето на првата кратка порака
Иако денес повеќе луѓе комуницираат преку социјалните мрежи Facebook и Twitter, како и преку сервисите како Viber и WhatsAppкои овозможуваат бесплатна размена на пораки, најпопуларниот начин за текстуална комуникација и понатаму се СМС пораките. 92% од корисниците на паметни телефони и понатаму го користат овој начин на комуницирање.
Во 1992 година, тогаш 20-годишниот инженер на Vodafone, Нил Папворт за првата СМС порака употребил персонален компјутер кој го поврзал со мобилен телефон што бил на англиската мрежа GSM Vodafone. Во пораката пишувало „Среќен Божик“, иако бил почеток на декември.
Првата, пак, СМС порака од мобилен на мобилен ја испратил еден стажант во компанијата Nokia на почетокот од 1993 година.
Првичната намена на СМС пораките била да се овозможи поедноставна интерна комуникација во компаниите, а нивната улога со тек на време се проширила. Денес СМС пораки се користат доминантно и за услуги како плаќање паркинг, билети во трамвај и автобус итн.