Осум типа на луѓе кои имаат најголеми шанси да се вработат во Google, Apple и Facebook

- Advertisement -

Познато е дека ангажирањето на талентирани професионалци се смета за клучен фактор кој одлучува дали една компанија ќе биде успешна. Прашајте успешни претприемачи или извршни директори како нивните компании успеале и сите ќе ви кажат дека тоа е поради ангажирањето на вистинските луѓе.

Сепак, пронаоѓањето на вакви луѓе останува предизвик. Дури Google која помина две години истражувајќи како да се изградат најефективни тимови, на крајот заврши со листа од само пет карактеристики кои ги бараат кај кандидатите.

- Advertisement -

Личноста на вработениот ја дефинира вредноста на работното место и го зголемува професионалното задоволство.

Сетете се на последниот одличен тим од кој сте биле дел. Сигурно ќе ги препознаете тие луѓе во листата на Google. Вие и луѓето во вашиот тим сте зависни едни од други. Еден проект опфаќа работа во различни сектори, и секој од луѓето во тимот си ја знае одговорноста и ја спроведува својата задача. Токму на овој начин се гради и вредноста на проектот, а со тоа и на бизнисот. Кога вработениот добива задоволство од работата која му е назначена, автоматски расте и вредноста која тој ќе ја креира со своето работење.

Начинот на кој вие ја градите таа вредност се нарекува работен карактер и токму по тој карактер сакате да ве знаат како експерт во работата. Ова исто така е темелот на вашата професионална репутација.

- Advertisement -

Постојат осум типа на вакви работни карактери кои се манифестираат:

  • градител 
  • истражувач
  • визионер
  • едукатор
  • супер поврзувач
  • воин
  • оптимизатор
  • ментор

Менаџерите на Google, Facebook и Apple ги ангажираат токму овие типови на луѓе, дури и кога не се свесни за тоа.

Кога кандидатот ќе се појави на интервју со менаџерот во една од овие компании, тој раскажува колку бил успешен во минатото. Менаџерот слуша внимателно како кандидатот ги постигнал овие успеси со тоа што посебно се фокусира да слушне кои од своите силни страни кандидатот ги искористил при постигнувањето на успесите. Не е важно само искуството, туку и начинот на кој се стекнало тоа искуство.

- Advertisement -

Ова се нарекува интервјуирање на карактерот и е популарна техника на интервју бидејќи го проценува карактерот и однесување на кандидатот. Паметните менаџери знаат дека треба да ги изберат кандидатите кои го имаат вистинскиот карактер кој ќе се одрази позитивно на тимот.

Предизвикот е тоа што на секој тим му се потребни различни личности т.е. карактери. А овие личности мораат да се развиваат како што еволуира компанијата.

Ако посакувате одредено работно место, откријте го вашиот работен карактер и „продадете“ го успешно на работодавачот.

Кога го знаете својот работен карактер, тогаш поубедливо ќе ја артикулирате вашата вредност пред работодавачот. Да влијаете на мислењето кое вашиот шеф или менаџер ќе го има за вас е еден од најважните елементи во пронаоѓањето на кариера која ќе ве исполнува. Ова исто така ќе ви помогне да ја изградите вашата репутација како личност до која сите се обраќаат за специфичен тип на проект, знаење или задача. На овој начин полека ќе се изградите во експерт за вашата област.

 

Сподели!
- Advertisement -