Замислете колку е важна секоја секунда во случај кога доживувате срцев удар или замислете ги ефектите врз светот доколку целиот би се напојувал на обновлива енергија. Доколку мислевте дека блокчеин технологијата ќе влијае само на финансискиот свет, размислете повторно.
Од технологија која го предвидува срцевиот удар со 92% прецизност до решавање на проблемот со енергија до 2050 година, ова се педесетте стартапи или претприемачи кои ветуваат подобра иднина за Европа и светот.
Истите претприемачи ќе бидат претставени на 28 ноември годинава пред Европскиот парламент во склоп на European Innovation Summit каде ќе ги презентираат своите напредно технолошки компании.
Прочитавме за 34 од нив, а еве кои се и останатите.
35. REMMEDVR од Полска
5% од децата во светот живеат со синдромот на прекрстени очи или со т.н. мрзливо око, а моментално постојат само две решенија на пазарот за справување со проблемот. RemmedVR разви телемедицинско решение за домашна терапија за намалување на ефектите од заболувањето користејќи виртуелна реалност. При тоа, докторите можат да го следат напредокот од терапијата.
36. SENSIFAI од Белгија
Компјутерите можат да гледаат и слушаа како нас користејќи го Sensifai. Стартапот кој започнал да работи со инвестиција од TechStars нуди софтвер кој препознава повеќе од 10 000 различни сцени, објекти, дејства, познати личности, спорт, аудио сигнали. Софтверот може да се користи поради неговата безбедносна димензија за да се спречи кражба, пожар, да се мониторираат објекти итн.
37. SKRIWARE од Полска
Мисијата на Skriware е да ги научи децата на 3Д моделирање преку дизајнирање, печатење и изработка на прототипи, градење и програмирање на персонализиран робот. Тие развија цел екосистем кој меѓу другото опфаќа и едукативна платформа со софтверски решенија, мобилна апликација и 3Д библиотека со модели. Моментално лекциите за 3Д моделирање на стартапот се користат во десет држави.
38. SOLHO од Холандија
Се претпоставува дека за 30 години, Земјата ќе има популација од 9 милијарди. Земјоделството ќе мора да го зголеми двојно своето производство за да ја издржи оваа популација со помалку ресурси и со намален негативен ефект врз околината. Околу 90% од светската популација живее околу т.н. сончев појас каде иако е најголем бројот на сончеви денови, овие региони се соочуваат со слаба инфраструктура. Solho разви иновативен систем кој користи сонце и морска вода за да ги генерира енергија потребна за да се одржи една градина. При тоа, системот ги намалува оперативните трошоци за 90%. За првпат ќе биде лансиран во август 2018 во Шпанија, а ќе се комерцијализира во 2019 година.
39. STORRO од Холандија
Ова е високо технолошка компанија која придонесува кон посигурен свет преку овозможување на безбедна комуникација. Апликацијата користи блокчеин технологија за безбедно зачувување и споделување на документи. Системот на Storro ги енкриптира податоците и на доверливи локации. Основачите на стартапот се експерти за сајбер безбедност.
40. SUNLIGHT.IS од Велика Британија
Половина од моменталните работни позиции во светот нема да постојат во 2040 година. Овој стартап им овозможува на работодавачите да им овозможат работна атмофера на вработените во кои ќе учат и ќе се надоградуваат професионално во вештини кои ќе им бидат потребни за во иднина. Системот докажано ја зголемува вклученоста во учењето за 40%.
41. SYMPTOMA од Австрија
Годишно можат да се спасат 1,5 милиони животи доколку се постави правилната дијагноза за нивната болест. Symptoma.com е наградуван пребарувач за болести. Докторите ги внесуваат симптомите и добиваат листа на дијагнози кои одговараат на симптомите. Компанијата со помош на својот пребарувач ја има изградено најголемата дата база на болести во светот со преку 20 000 болести и милиони конекции до симптоми, ризик фактори и статистика. Месечно платформата се користи од преку 700 000 луѓе.
42. TALENTADORE од Финска
TalentAdore Ltd. е финска технолошка компанија за човечки ресурси кои создадоа софтвер наречен Виртуелен асистент за вработување кој вклучува вештачка интелигенција за да го спроведе процесот на вработување на нови кандидати. Компанијата покажа дека побарувачката за ваков тип на технологија е огромна, а во последниве шест месеци го продале производот на некои од најголемите компании во Финска и Мексико.
43. TALKIN’THINGS од Полска
30% од сите брендирани лекарства кои се купуваат во државите во развој се фалсификат. Talkin’ Things е лидер во овозможувањето паметни пакувања и работи со водечки брендови на пазарот за паметно пакување. Компанијата подготвува други дваесет патенти и овозможи 1,5 милиони бележени амбалажи оваа година, грижејќи се за искуството на потрошувачите.
44. TEAM8 од Франција
Една третина од децата во Европа помеѓу возраст од шест и девет години се со прекумерена тежина. Team8 е рачен часовник за деца кој се поврзува и ги поттикнува да бидат супер херои преку постојана физичка активност. Родителите можат да ги следат податоците од часовникот за тежината на детето, колку е активно и каква храна конзумира. Часовникот ги предупредува родителите доколку на детето му е потребна медицинска грижа.
45. TOPOSENS од Германија
Оваа компанија го смисли првиот 3Д ултразвук сензор во светот за кој интерес пројавија компании како Porsche. Со овој систем, автомобилите добиваат способност да се паркираат и да возат самостојно кога се блиску до други автомобили и во зони за сообраќај со намалена брзина. Освен во автомобилската индустрија, сензорот може да се користи и во роботиката и во електрониката. Компанијата ја доби наградата за Технолошка компанија на годината од германското Министерство за економија и енергетика.
46. TYPINGDNA од Романија
Знаевте ли дека дури и начинот на кој пишувате на тастатурата може да се употреби за автентикација? TypingDNA е систем кој може да ги препознае луѓето на овој начин и системот може да се користи за онлајн автентикација. Нивното решение се базира на биометрика и вештачка интелигенција, а моментално се користи за онлајн банкарски автентикации, спречување на криминал со онлајн плаќања, како и спречување на ученици да мамат на тестовите кои ги решаваат онлајн.
47. ULTIMATE.AI од Финска
Овој стартап го менува начинот на кој луѓето работат во корисничка поддршка. Преку машинско учење, системот учи од историјата на допишување меѓу агентот и клиентот и може да ги решава поедноставните проблеми на корисниците, додека потешките ги трансферира до агент. Стартапот веќе соработува со некои големи компании и авиопревозници.
48. UNITDOSEONE од Полска
Дури 92% од сите болници во светот уште дистрибуираат лекови рачно. UnitDoseOne ги автоматизира аптеките овозможувајќи највисоко ниво на автоматизација за болници кои уште тоа го прават рачно. Во последниве две години тие создадоа напредна аптека со роботика која дистрибуцијата на лекови ја прави поефикасна и побезбедна, заштедувајќи има на болниците милиони евра годишно. Започнаа во Европа, а веќе потпишаа договор со болници од САД.
49. VEGEA од Италија
Отпадот од винската инудстрија може да се претвори во високо квалитетна био – кожа, а овој отпад изнесува 6,5 милиони тони годишно. Vegea го трансформира винскиот отпад во материјал со додадена вредност и го нуди како еколошка алтернатива за материјали кои веќе ги има на пазарот. Веќе имаат интерес за инвестиции од големи модни компании и автомобилски производители со цел порано да се справат со растечката потреба од еколошки и одржливи материјали.
50. WATERDATA од Швајцарија
Стартапот разви софтверско решение кое користи машинско учење за подобро да се разберат потрошувачките навики и однесува со цел да се одредат најоптималните цени на производите. Нивната мисија е да ја поддржат дигитализацијата, е – трговијата и пристапот основан на податоци за многу европски дигитални маркети.