Балканскиот рис станa дел од Бернска конвенција

- Advertisement -

Во рамки на 37-та средба на постојаниот Комитет на Бернската Конвенција на 5-ти декември 2017 година во Стразбур, балканскиот рис (Lynx lynx balcanicus) е ставен во Прилог бр. 2 на Бернска конвенција по иницијатива на албанското Министерство за туризам и животна средина

 

Според Програмата за заштита на балканскиот рис, спроведувана од Македонско еколошко повеќе од 10 години, ова претставува големо признание и чекор напред кон заштитата на ова критично загрозено животно, присутно само на Балканот.

- Advertisement -

„Овој успех дава поголем акцент на заштитата на балканскиот рис. Европските конвенции ја препознаваат важноста и итноста за поголема легална заштита на овој вид. Ова признание игра улога и во спречување на нелегални и непотребни активности во подрачјата каде што рисот е распространет и секако дека ќе помогне во борбата за заштита на рисот.“, изјави Диме Меловски, раководител на Програмата за заштита на балканскиот рис од Македонско еколошко друштво.

- Advertisement -

Според експертите се проценува дека шумите во Западен Балкан се населени од помалку од 50 возрасни единки а целата популација се состои од 20 до 39 возрасни единки. Досега присуство на балкански рис е потврдено во Западна Македонија, посебно во и околу националниот парк „Маврово“, како и планините Мунела, Шебеник и Албанските Алпи во Албанија. Според последните истражувања со фото замки потврдено е присуство на најмалку две единки во Западно Косово. Присуството на балкански рис во Црна Гора и Грција сé уште не е потврдено.

Во сите земји илегалниот лов на рисот и неговиот плен (срна, дива коза и зајак) претставува главна закана. Дополнителни закани за опстанокот на рисовите е уништувањето на шумите и инфраструктурните проекти кои ги разделуваат нивните живеалишта.

- Advertisement -

 

 

 

Сподели!
- Advertisement -