Уште еднаш потврдена позицијата на Македонски Телеком како оператор на најдобрата мрежа

- Advertisement -

Најголемиот дел од граѓаните на Република Македонија сметаат дека мрежата на Македонски Телеком е најдобра во земјава и дека ги оправдува нивните очекувања. Резултатите се добиени од истражувањето на реномираната агенција „Брима“ – „Аспекти и генерална перцепција на телекомуникациските оператори“, спроведено во октомври оваа година и ги опфаќаат и фиксната и мобилната мрежа. Корисниците  сметаат дека Телеком има најдобар квалитет на говорни услуги, но и најстабилен и најсигурен мобилен и фиксен интернет.

„Ова признание ни е посебно драго затоа што доаѓа од корисниците и е резултат на постојаните инвестиции во мрежата и во новите технологии. Планираме и понатаму да продолжиме со инвестиции, кои не само што ќе овозможат најдобри и најиновативни услуги, туку и ќе ја поттикнат дигитализацијата во општеството“ – истакна Андреас Елснер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.

- Advertisement -

Уште еден доказ за квалитетот на мрежата се и резултатите од  тестирањето на компанијата P3 Communications, која на Македонски Телеком му додели P3 „Best in Test“ сертификат, што е меѓународно признат доказ за квалитетoт на мобилната мрежа. Независното истражување, спроведено во ноември годинава, потврди дека мобилната мрежа на Македонски Телеком ги има најдобрите резултати  за мобилен интернет и за говорни услуги. Оваа година, компанијата го достигна највисокиот резултат постигнат во Македонија, со 901 од 1000 можни поени. P3 сертификатот е широко прифатен како независен и репрезентативен резултат од тестирањето на мобилните мрежи, бидејќи се базира на реална споредба на конкурентите на одреден пазар.

Сподели!
- Advertisement -