Канадскиот град ја започна новата година со огромен чекор за зачувување на природата – забрана за употреба на пластични кеси. Трговците во градот ќе имаат период од шест месеци во кој треба да се адаптираат на новите политики, пишува Global Citizen
„Годишно користевме околу 2 милиони кеси, а само 14% од нив се рециклираат.“, изјавил Жан Франсоа Паренто, градски советник кој ја предводел реформата.
Властите се надеваат дека ова ќе ги поттикне луѓето да реупотребуваат кеси и да избегнуваат користење на пластични производи за една употреба.
Асоцијацијата на индустријата за пластика на Канада се побунила дека забраната е непотребна бидејќи според нивната веб страница, 93% од пластичните кеси се реупотребуваат и рециклираат. Но градските власти велат дека пластичите кеси не се убава глетка кога се расфрлани низ природата и го загадуваат екосистемот.
Ќе биде дозволена употреба само на подебели пластични кеси бидејќи овие кеси најчесто се реупотребуваат за пазарење. После 5. јуни 2018 година, трговците кои ќе продолжат да користат пластични кеси ќе плаќаат казни и по 1.000 долари.