Франција им забранува на маркетите да ја фрлаат непродадената храна

- Advertisement -

Со цел да се намали отпадот од храна минатата година имаше повеќе активности за да им се помогне на консументите. Франција беше една од земјите кои први почнаа да продаваат храна со поминат рок и сега гледаат одлични резултати од мерката. Уште во февруари 2016 година Франција донесе закон со кој им забрани на маркетите да престанат да фрлаат храна. Наместо да ја фрлаат храната на која и се ближи рокот на употреба или веќе е поминат, маркетите требаше да ја донираат храната на добротворни организации. Банките за храна во Франција сега имаат поголем капацитет благодарение на храната од супермаркетите.

Законот, исто така, ги принуди маркетите да не чуваат храна во складишта или да ставаат штетни хемикалии во контејнерите каде што ја фрлаат храната затоа што многу луѓе бараат храна по контејнери. Според The Guardian, рестораните во Франција се одговорни за 15% од отпадот од храна, што значи дека 10 милиони оброци годишно завршувале во ѓубре, пренесува GreenMatters.

- Advertisement -

Овие промени имаат одлични резултати во Франција. Не само што за една година има помалку отпад отколку во САД, туку имаат и најдобра оценка според индексот за одржливост на храната во 2017 година. Рангирањето се врши на 34 земји од целиот свет според три категории: одржливо земјоделство, нутритивни предизвици и отпад од храна. Јапонија, Германија и Шпанија исто така се меѓу топ земји според индексот.

Франција е одличен пример што треба да го следат другите. Една третина од храната произведена во целиот свет завршува во ѓубре. Тоа се приближно 1,3 милијарди метрички тони отпад од храна или 1 трилион долари. Доколку се намали тој отпад за само 1/4 ќе се стави крај на гладот во светот.

Сподели!
- Advertisement -