Велика Британија назначи министер за осаменост

- Advertisement -

Велика Британија назначи „министер за осаменост“ за да се справи со она што премиерката Тереза Меј го опиша како „тажна реалност на модерниот живот“ која засега милиони луѓе.

Трејси Крауч, чија официјална функција е министер за спорт и граѓанско општество, ќе ја преземе улогата на министер за осаменост,  како дел од пошироката стратегија за борба против осаменоста во Британија.

- Advertisement -

„Знаеме дека постои реалена последица од социјалната изолација и осаменоста врз луѓето, врз нивната физичка и ментална состојба, но и врз други аспекти во општеството и ние сакаме да се справиме со овој предизвик“ изјави Крауч.

Според премиерката Меј, „за премногу луѓе осаменоста е тажна реалност на модерниот живот“.

- Advertisement -

„Сакам да му се спротивставам на овој предизвик за нашето општество и сите да преземеме акција да се справиме со осаменоста која ги погодува постарите, оние кои изгубиле блиски, луѓе кои немаат со кого да разговараат или да ги споделат своите размислувања и искуства“ додаде премиерката.

Британскиот Црвен крст соопшти дека од 65,6 милиони жители повеќе од девет милиони луѓе рекле дека се постојано или често осамени.

Сподели!
- Advertisement -