WhatsApp направи апликација наменета за мали бизниси

- Advertisement -

Популарниот сервис за размена на пораки WhatsApp лансираше посебна апликација за мали бизниси кои само што започнале со цел да им го олесни ширењето на бизнисот и поврзувањето со потрошувачите

Апликацијата наречена WhatsApp Business им овозможува на претприемачите да направат свои кориснички профили со детални информации за нивниот бизнис. На овој начин корисниците ќе можат полесно да се информираат за фирмите за кои се заинтересирани, но и да стапат во контакт со нивните сопственици. Од друга страна пак, претприемачите можат во најкраток рок да одговорат на пораките и барањата на клиентите.

- Advertisement -

Оние кои користат службени броеви, можат на мобилниот заедно да ја користат и апликацијата WhatsApp Business и WhatsApp Messenger, само регистрирани на различен број. Новата апликацијата компатибилна и со десктоп апликацијата.

Претприемачите кои ќе инсталираат WhatsApp Business и понатаму ќе можат да ја користат првичната апликација и да имаат целосна контрола над пораките кои ги примаат. Новата апликација ќе овозможи и оставање на автоматски говорни пораки за клиентите. Таа е бесплатна и за сега достапна само за Android уредите.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -