Електронска наплата на патарините на Коридорот 10 до крајот на годинава

- Advertisement -

Како што беше најавено, елентронската наплата ќе почне да се воведува на патарините на македонските автопати. Се очекува до крајот на годината оваа услуга да биде овозможена прво на патарините од Коридорот 10, а до крајот на 2019 година и на Коридорот 8.

На почетокот предвидено е да се плаќа комбинирано, односно да се плаќа во кеш, со електронска картичка или со припејд картичка. Досега се набавени 500.000 картички, а нивната цена ќе се движи помеѓу 1-2 евра.

- Advertisement -

Според она што го изјавил директорот на ЈП Државни патишта, Зоран Китановски, картичките ќе можат да се надополнуваат со 500 и 1000 денари, а плаќањето со нив ќе биде 10% поевтино отколку во кеш. Оние возила пак кои се постојано на патиштата, како комбињата и камиони кои вршат достава, ќе имаат електронски тагови кои сензор на патарината ќе ги чита и автоматски ќе наплаќа. Овие тагови ќе бидат од 10 и 20 евра.

Во Македонија има десет наплатни станици, но ќе се градат уште дополнителни, од кои две на новиот автопат Демир Капија- Смоквица, а другите две на делницата Миладиновци – Штип.

Сподели!
- Advertisement -