17 корисни совети за оние кои работат од дома (1)

- Advertisement -

Овој совет сме го слушнале многупати – од Ричард Бренсон, од професори од Стенфорд, од секого: ако сакате да бидете поуспешни и посреќни, работете од дома или работете флексибилно.

Имајќи го ова предвид, магазинот Inc. направил анкета помеѓу 400 луѓе кои работат од дома и била изготвена листа на совети кои овие луѓе рекле дека им помагаат ним. Еве ги првите девет совети од листата.

1. Следете го вашете време

- Advertisement -

Постојано имајте увид во тоа колку време работите со тоа што ќе користете алатка како Toggl. Ова не само што ќе ви помага да останете фокусирани на задачите, но и полесно ќе видете каде ви оди времето или пак каде би требало да ви оди.

2. Земете свеж воздух

- Advertisement -

Излезете на прошетка во текот на денот. Витаминот Д може навистина да ви помогне во пронаоѓање сила за преостанатите задачи. Во текот на прошетката организмот лачи повеќе од хормонот ендорфин што ќе предизвика да бидете посреќни подолго време, а ќе ви се исчисти и умот.

3. Менувајте ја локацијата 

- Advertisement -

Спакувајте го својот лаптоп и отидете во локалното кафуле во близина. Можете да седнете и во парк, па дури и во некое хотелско лоби со тоа што доколку одите во хотел, тоа ќе ви даде причина да се дотерате што исто така може да ви го зголеми еланот за работа.

4. Проширете ги своите хоризонти

Минувајте од 30 до 60 минути во денот со тоа што ќе читате за нешта кои не се поврзани со вашата работа. Без разлика дали се работи за некој агрегатор на блогови или книга, мора да побегнете малку од монотоните работни содржини. Ова ви го ослободува умот и ви помага да дојдете до свежи идеи.

5. Создадете структура

Одделете ја работата од домот без разлика што работите од дома. Назначете си место каде што ќе си го поставите лаптопот, облечете се како да треба да излезете (чевли не се задолжителни) и поставете работно време.

6. Поставете граници

Можете да почнете со тоа што ќе ставите знак пред влезната врата да не ви ѕвонат или тропаат. Често пати се случува да имате закажано важен видео повик, а да бидете прекинати од поштарот или соседот.

7. Соблечете ги пижамите

Како сте облечени може да влијае на вашето извршување. Ако останете во пижами цел ден, ќе бидете невнимателни и мрзеливи, а ова директно ќе ви се одрази на работата.

8. Преземајте одговорност

И за ова можете да искористите некоја алатка како Asana кога ви помага да ги менаџирате своите проекти и комуникации. Можете да ја подесите алатката секое утро во одредено време да ви испраќа меил кој ќе ве потсетува кои ви се тековните обврски.

9. Синхронизирајте се со тимот

Доколку работите со тим, осигурајте се дека сите ќе ги користите истите алатки за соработка. На пример, алатката Slack може да се интегрира со Google Drive со тоа што кога некој од тимот ќе остави коментар на документ во Drive, преку Slack ќе добиете известување за тоа. Ова ќе ви ја олесни работата и ќе ја намали далечинската разлика.

Сподели!
- Advertisement -