Фондот за иновации ќе поддржи решенија за мониторинг и намалување на загадувањето

- Advertisement -

Иновативни идеи и решенија за мониторинг, намалување на загадувањето, како и за сузбивање на изворите, содржат денеска презентираните најдобри 10 предлог проекти од повикот „О2 предизвик“ на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

Комисијата која ги оценува ќе ги избере најдобрите проекти кои ќе добијат финансиска поддршка од расположивите шест милиони денари со повикот. Во трка се решенија треба да помогнат во справувањето со проблемот со загадувањето во областите: транспорт и мобилност, градежништво и урбани алтернативи и загревање.

Дел од проектите предвидуваат  систем за согорување кој се употребува во домашните стандардни печки и отворени камини, развивање електричен велосипед за градските средини, со вградени филтри за прочистување на воздухот и станици за полнење на батериите, изработка на прочистувачи на воздух за внатрешна употреба со вграден ПМ сензор за мерење на внатрешниот квалитет на воздухот, течност од веќе постоечки полимери за прскање на градежни површини и патишта, соларен воздушен колектор со ротирачки ќелии кој го загрева воздухот со помош на сончева енергија и помага за догревање на просториите.

- Advertisement -

Јасмина Белчовска Тасевска, претседател на Комисијата за оценување и претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), потенцираше дека од пристигнатите апликации за сите три области, дел се насочени кон мониторинг или кон обиди за решавање или намалување на загадувањето, а помал дел кон решенија кои навистина би го намалиле емитувањето на штетните честички.

„Понатаму тоа би сакале да го охрабриме и самите иновативни решенија да бидат во таа насока. Добро е што имаме методологии кои натаму можат да овозможат креирање модели, па дури и модели на финансирање.“, рече Белчовска Тасевска.

- Advertisement -

Според директорот на ФИТР, Јован Деспотовски, буџетот на пристигнатите апликации за 12 пати го надминува износот на предвидените средства со повикот.

„Тоа е исклучително важно со оглед дека досега Фондот имаше проблем со недоволна искористеност на средствата, а сега има предизвик како да обезбеди дополнителни средства за интересот што е поттикнат со новиот пристап.“, додаде Деспотовски.

- Advertisement -

Заменик – министерот за животна средина, Јани Макрадули, оцени дека има потенцијал дел од пристигнатите проекти на повикот во иднина да прераснат во корисни активности за намалување на аерозагадувањето. Ги покани на соработка сите учесници на повикот за евентуална натамошна поддршка и наоѓање заеднички начин за справување со загадувањето.

„Има анализа која вели дека загадувањето во периодот декември – јануари 2017/2018 во споредба со периодот 2016/2017 е немалено, што не треба да задоволува, туку да мотивира да продолжиме уште повеќе да работиме.“, рече Макрадули.

Проектите што ќе добијат финансиска поддршка треба да бидат оперативни најдоцна за 12 месеци по потпишувањето на договорот.

(МИА)

Сподели!
- Advertisement -