Стокхолм ги доби првите самоуправувачки електрични автобуси во градскиот превоз

- Advertisement -

Деновиве на улиците на Стокхолм се пуштени во функција првите самоуправувачки автобуси наменети за градски превоз. Проектот е дело на неколку технолошки компании како што е Ericsson и со поддршка од градската самоуправа. Целта е да се види како автономните возила се снаоѓаат во реални услови во подолг период покрај автомобили, велосипеди и пешаци.

Како што пишува New Atlas, целосно електричните автобуси имаат капацитет за 11 патника и се бесплатни, а возат со брзина од околу 24 километри на час.

- Advertisement -

Тестирањето на овие автобуси е дел од проектот за иновации во превозот Drive Sweden кој е започнат уште во 2015 година за да понуди решенија за безбедност на патиштата, инфраструктурни решенија и легислатива за автономните возила. Ова тестирање ќе трае шест месеци, додека пак во вторите шест месеци ќе се тестира поврзаноста на автобусите преку 5G мрежа.

Сподели!
- Advertisement -