Организацискиот тим на Spark.mе, една од најголемите конференции за маркетинг во Југоисточна Европа која се одржува од 26. до 27. мај во Будва, Црна Гора (со серија на специјализирани работилници закажани за 25. мај), го објави името на првиот главен говорник на Spark.me 2018 конференцијата. Станува збор за Марк Шејфер, меѓународно признат говорник, автор на неколку бестселери и бизнис консултант во областа на маркетингот на социјалните медиуми, кој своето знаење и искуство го споделува на еден од петте најпосетени маркетинг блогови во светот {grow}.
Шејфер се занимавал триесет години со продажба, односи со јавност и маркетинг, а сега нуди консултантски услуги од областа на маркетинг стратегии и социјални медиуми. Неговите клиенти се стартапи, но и глобални брендови како Adidas, Cisco, Johnson & Johnson, Dell, Pfizer и владата на Велика Британија. Предава маркетинг на Универзитетот Rutgers, а држел предавања и на многу престижни универзитети како Oxford и Princeton. Тој е автор на шест бестселери, меѓу кои и The Tao of Twitter (најпродаваната книга за Twitter во светот) и The Content Code (која беше избрана од магазинот Inc. како една од Топ 5 маркетинг книги на годината). Неговите книги се користат како учебници на повеќе од педесет универзитети ширум светот, а преведени се на дванаесет јазици.
Марк Шејфер е водител на еден од десетте најпопуларни маркетинг подкасти на iTunes именуван The Marketing Companion. Тој исто така е седмата најспоменувана личност на Twitter од страна на директорите за маркетинг на големите компании, а се наоѓа меѓу Топ 10 маркетери кои луѓето најмногу ги ретвитнуваат. Магазинот Forbes го рангираше меѓу Топ 10 авторитети во областа на продажба преку социјалните медиуми, а се смета и за еден од десетте највлијателни маркетинг експерти во светот.
Станува збор за експерт кој многу пати бил главен говорник на престижни настани ширум светот како SXSW, Marketing Summit Tokyo и на Институтот за меѓународни и европски работи. Се има појавувано во многу медиуми како Wall Street Journal, Wired, The New York Times, CNN, CNBC, BBC и CBS NEWS, а исто така е и редовен колумнист за The Harvard Business Review.
Картите за конференцијата Spark.me 2018 можат да се купат на официјалната веб страница на конференцијата www.spark.me Полната цена на картата е 300 евра, но сите заинтересирани можат да ја набават својата карта и по промотивна цена од 150 евра до 18. февруари. Оваа карта вклучува пристап до сите предавања на 26. и 27. мај, сите работилници на 25. мај, на стартап натпреварот од 26. до 27. мај, ручек во хотелот Медитеран на база на шведска маса за двата дена на конференцијата, освежување на сите кафе паузи во текот на целата конференција, како и на коктел прием на 26. мај. Цената на картата не вклучува превоз и сместување.
Како мотивација за сите млади луѓе желни за знаење, во понудата има и студентски карти наменети за средношколците и редовните студенти, постдипломците и докторантите помлади од 27 години, чија цена изнесува 50 евра. Купените карти можат дополнително да се пренесат и на друг учесник односно да се промени името, но парите не можат да се рефундираат.
Конференцијата Spark.me ќе се одржи по шестти пат во хотелот Медитеран во Будва, Црна Гора. Во склад со желбата секоја година дополнително да се збогатува програмата, организацискиот тим на конференцијата за учесниците припреми и серија бесплатни работилници од областа на маркетинг и претприемништво кои ќе се одржат на 25. мај во хотелот Медитеран.
Организатор на Spark.me конференцијата е компанијата doMEn d.o.o, агент за регистрација на црногорскиот национален интернет домен – .ME, која од 2013 година ја организира конференцијата еднаш годишно во Будва. Spark.me им нуди можност на учесниците да научат за актуелните трендови во областа на маркетингот, технологијата и бизнисот од светски познати експерти и да остварат контакт со преку 550 учесници на конференцијата од повеќе од 20 држави во светот меѓу кои ќе се најдат и лидерите од бизнис светот, светот на технологијата и иновациите, маркетери, стартапи и луѓе желни за знаење.
За повеќе информации околу Spark.me, посетете ја официјалната веб страница на конференцијата www.spark.me, Facebook страницата www.facebook.com/sparkdotme , профилот на Twitter twitter.com/sparkdotme, како и профилот на Instagram www.instagram.com/sparkdotme/.