Вашето знаење е единственото нешто што не може да ви го одземе. Луѓето учат целиот свој живот. Понекогаш тоа е поради брзиот технолошки напредок, а понекогаш поради сопствените потреби. Но, сите сакаат да стекнат одредена вештина што побрзо. Bizlife има список со книги кои ќе ви помогнат да научите нешто ново за само 30 дена.
Successful Business Planning in 30 Days од Питер Џ. Пацула
Оваа книга е напишана. Оваа книга е напишана за тие што сакаат да имаат сопствен бизнис, но може да биде корисна и за менаџери кои пранираат да развиваат нов правец. Пацула дава детални инструкции. Тоа ќе ви помогне да направите пристоен бизнис план за само 30 дена.
Successful Business Plan: Secrets & Strategies од Ронда Абрамс
Оваа книга на Абрамс им помага на почетинците да создадат корисен бизнис план наместо само хартија за инвеститори. Според неа, бизнис планот е патоказ кој коди до успех и на него треба да се рбаоти мудро.
The Body Language of Liars од Лилиан Глас
Способноста да се утврди дали некој лаже или не може да ја има секој. Лилиан Глас е експерт за јазикот на телото и во книгата дава едноставен пристап за откривање на лагите на кое било ниво. Добро е и за белите лаги кои може да влијаат на цел живот.
Telling Lies од Пол Екман
Пол Екман е американски психолог кој е познат во целиот свет. Во својата книга тој ве учи да забележите мали детали кои другите луѓе не ги гледаат. Ова ќе ви помогне да откриете и мали и големи лаги.
Becoming Fluent: How Cognitive Science Can Help Adults Learn a Foreign Language од Ричард М. Робертс и Роџер Џ. Кројз
Авторите на книгата се когнитивни научници. Тие ги стекнале своите научни искуства за на ворзасните да им помогнат во учењето странски јазик.
The Power of Forgetting: Six Essential Skills to Clear Out Brain Clutter and Become the Sharpest, Smartest You од Мајк Бистер и Кристин Лоберг
Писател и математичар си ги здружија силите за да ја напишат книгата. Направија одличен водич за луѓето кои сакаат да го откријат својот целосен потенцијал. Оваа книга не се однесува само на меморијата, туку и на постигнувањето ефикасност во се што работите. Авторите ви даваат стратегија на учење и вежби кои ќе ви помогнат да се навикнете на овој начин на размислување.
Breakthrough Rapid Reading од Питер Камп
Кој не би сакал побрзо да може да ги прочита своите омилени книги и да може да ги запамети сите информации од нив? Брзотот читање е добро решение. Во својата книга Кап пишува за теории кои се предаваат на најдобрите курсеви за брзо читање. Тој на читателите им нуди и некои од неговите уникатни методи.
Thinkertoys: A Handbook of Creative-Thinking Techniques од Мајкл Мишалко
Креативното размислување не е вродена функција. Во својата книга Мајкл, водечки експерт за креативност, систематизираше некои стратегии кои помагаат за креативно размислување. Техниките, вежбите и некои многу тешки загонетки ви овозможуваат да ги преземете првите чекори кон креативно размислување.