#ИновативностЧита: Илон Маск – како милијардерот и извршен директор на SpaceX и Tesla ја обликува нашата иднина

- Advertisement -

Inovativnost.mk го прослави својот 3. роденден и реши по тој повод да воведе некои новитети. За таа цел, од овој викенд ја отворивме рубриката #ИновативностЧита преку која ќе ви даваме викенд предлози за книги од кои можете да научите важни бизнис и животни лекции и од кои ќе можете да црпите инспирација и мотивација

(Пишува – Бисера Срцева)

Во првото издание на #ИновативностЧита пишуваме за биографијата на неверојатниот Илон Маск која е напишана од новинарот Ешли Ванс, а издадена во 2015 година. Книгата има две различни изданија кои се разликуваат единствено по насловот во зависност од тоа за кој пазар е наменето. Ние го читаме изданието Elon Musk – How the Billionaire CEO of SpaceX and Tesla is Shaping Our Future или на македонски јазик Илон Маск – како милијардерот и извршен директор на SpaceX и Tesla ја обликува нашата иднина.

- Advertisement -

Авторот Ванс ја започнува книгата со прашањето кое Маск му го поставил кога првпат седнале заедно да го дискутираат пишувањето на биографијата: „Дали мислиш дека сум луд?“. Ова е всушност мислењето кое многу луѓе во светот го добиваат како реакција на визијата на Маск, а тоа е да го однесе човекот на Марс.

Ванс поминал повеќе од триесет часа интервјуирајќи го Маск во седиштето на SpaceX во Хоуторн во Калифорнија. Ванс пишува дека како шеф, Маск не делува многу инспиративно бидејќи знае да го повиши тонот кога зборува со некои вработени, а често ги тера и да остануваат прекувремено на работа. Но она што ги држи овие луѓе во неговите фабрики, е чувството дека работат за остварување на повисока цел – да му помогнат на Илон да ги однесе луѓето на Марс.

- Advertisement -

„Сакам да умрам знаејќи дека човештвото го очекува светла иднина. Доколку го решиме проблемот со обновливата енергија и сме на пат да станеме мултипланетарен вид со самоодржлива цивилизација на друга планета – мислам дека ќе биде многу добро.“, Ванс го цитира Маск во книгата.

- Advertisement -

 

Технолошката сцена во светот го гледа Маск како генијалецот кој треба да ја редефинира Силиконската долина. Во книгата ќе прочитаме дека многумина го споредуваат со Томас Едисон – иноватор, славен бизнисмен и индустријалист кој умее големите идеи да ги претвори во големи производи.

Ванс пишува, дека, благодарение на Илон Маск, Американците ќе се разбудат за десет години со најмодерните автопати на светот: транзитен систем напојуван од илјадници електрични полначи наменети за електричните автомобили. До тогаш, SpaceX ќе испраќа ракети во вселената секој ден, превезувајќи луѓе и ресурси до неколку вселенси населби и трасирајќи го патот до Марс.

Книгата беше прогласена за бестселер на New York Times кои напишаа дека треба да му се даде заслуга на Маск бидејќи не постои никој како него, додека пак Financial Times ја оцени како возбудлив портрет на најиновативниот претприемач во Силиконската долина од појавата на Стив Џобс.

Ние книгата ја најдовме на Book Depository од каде можете да ја нарачате за 7-8 евра и ќе ви ја достават бесплатно за две до три недели. Не чекајте да си ја набавете и да читате за потешкотиите преку кои Маск минувал во текот на својот живот, но и покрај кои успеал да стане најомилениот екцентрик во светот.

Се читаме следниот викенд со уште една предлог книга!

Сподели!
- Advertisement -