Десет клучни работи за успешна кариера како фриленсер

- Advertisement -

Луѓето кои работат на хонорари од различни проекти, познати како фриленсери (freelancers), често пати влегуваат во бизнис без многу подготовки. Некои од нив се снаоѓаат и почнуваат да пливаат, додека пак други тонат.

Меѓутоа, постојат неколку нешта кои се клучни за секој фриленсер, кои, доколку ги спроведе, ќе си овозможи безбедност на површината. Еве за кои работи станува збор.

1. Дебела сметка за итен случај

- Advertisement -

Сметка наменета за итен случај е основното нешто кое ви е потребно. Доколку немате скршена пара во тешки моменти, а тоа ќе се случува на почетокот, можете слободно да го заборавите сонот дека ќе работите како фриленсер.

Финансиските советници најчесто велат дека сметката за итен случај треба да има средства со кои ќе можете да живеете шест месеци. Овие средства ќе ви се најдат особено доколку почнувате со голем проект кој може да трае еден, два месеци, па дури и повеќе. Земете го во предвид и времето кое ќе ви биде потребно за да најдете нови клиенти.

- Advertisement -

2. Смирени нерви

Ваквата кариера е добра за неколку причина: флексибилност, слобода, помалку патување до канцеларија, повеќе задоволство од работата. Но подгответе се и за непријатните искуства.

- Advertisement -

Еден фриленсер ја споредил својата кариера со животот на Тарзан: возбудливо е кога рипате од гранка до гранка, но страшно е кога сте во воздух и не сте сигурни дека ќе допрете до следната гранка. Осигурајте се дека ќе ја прифатите оваа несигурност кога започнувате кариера на фриленсер.

3. Резервни копии на резервната копија

Резервните копии се многу важни бидејќи доколку ви се случи грешка на компјутерот и го испуштите рокот кој сте го ветиле на својот клиент, ќе изгледате како невнимателна личност.

Не ви требаат многу средства за да си создадете резервна копија, само треба да пронајдете екстерен диск или пак да ги зачувате податоците онлајн на некоја облак платформа. Правете го ова постојано, бидејќи IT проблемите знаат да бидат непредвидливи.

4. Компјутерско знаење

Ништо друго нема да направи да го цените повеќе IT одделот од вашата претходна компанија колку тоа кога ќе станете „сам свој газда“ кој нема никакви познавања од IT. Ова не значи дека треба да бидете компјутерски гениј, но кога компјутерот или софтверот ќе престане да работи, земете здив, размислете што треба да се направи и проверете ги конекциите.

5. Бизнис картички

Можеби ви звучи како нешто што веќе не е во тренд, но во зависност од бизнис гранката во која работите, инвестицијата во бизнис картички е добредојдена во моменти кога запознавате странец кој може да ви биде потенцијален клиент.

Започнете со тоа што ќе подготвите неколку, па подоцна ќе испечатите повеќе кога околностите тоа ќе го побараат.

6. Здравствено осигурување

Доколку заминувате од компанија каде работодавачот ви плаќал придонеси за здравствено осигурување, истражете добро што точно треба да направите кога преминувате во фриленсер. Обратете се до некоја од осигурителните компании, распрашајте се за полисите за здравствено осигурување и гледајте да си ја отстраните оваа обврска од листата што е можно побргу бидејќи не знаете кога ќе ви затреба.

7. Сметководител кој го разбира животот на фриленсерите

Ќе ви биде потребен сметководител и советник за даноци кој веќе работел со фриленсери или барем го разбира нивниот избор. Дури и ако мислите дека понатаму можете сами да си ја завршувате оваа обврска, добро е барем во првата година да имате некој кој може да ве советува.

8. План за забава

Многу фриленсери се преморуваат со тоа што занемаруваат сѐ освен работата. Не паѓајте на ова, бидејќи колку што се поуморни, толку повеќе ќе гледате да завршите уште некоја обврска.

Работната дисциплина вклучува и создавање на план кој ќе ве натера да станете од бирото, било да е за социјализирање или за редовно вежбање.

9. Буџет

Да се води сметка за приход кој постојано варира, може да биде еден од најголеми предизвици за фриленсерите. Вашите приходи ќе пристигнуваат на различни временски периоди, па ќе ви биде потребна структура на буџетот за да планирате подобро.

10. Грижа за деца

Дури и ако имате повозразни деца, ќе ви биде потребна грижа за нив доколку треба да работите преку ноќ за да стигнете на време за роковите или да одговорите на потребите на клиентот кој можеби е во друга временска зона. Добро е барем неколку часа во денот да имате човек кој ќе внимава на вашите деца.

Сподели!
- Advertisement -