Охрид го добива својот прв шопинг центар

- Advertisement -

На површина од 19.000 м2 започнува со изградба првиот шопинг центар во Охрид – Охрид Мол. Најпознатото туристичко место во Македонија кое привлекува голем број на туристи од државата и од странство, сега дефинитивно ќе биде уште попривлечно, особено за љубителите на шопингот.

Охрид Мол се наоѓа до новата автобуска станица, на само 2 километри од центарот на градот. Ќе биде на две нивоа, ќе има подземен и надворешен паркинг простор, повеќе од педесет локали за реномирани домашни и светски брендови, а ќе нуди и најразлични забавни и актуелни содржини за сите генерации.

- Advertisement -

Првиот трговски центар во Охрид е македонска инвестиција на компанијата Делфина Турс.

„Охрид Мол е проект за кој јас и моите партнери размислувавме подолг период. Охрид е меѓу најпознатите туристички места во регионот со многу работи што може да ги понуди, но му недостасува центар од ваков тип каде што жителите и туристите ќе можат да купуваат. Со оваа инвестиција Охрид ќе биде уште повеќе посакувана дестинација на туристичката мапа.“, изјави Аднан Исмаил, инвеститор на Охрид Мол.

- Advertisement -

Ексклузивен агент за изнајмување на деловниот простор е консултантската компанија за недвижности Фортон Македонија: „Помеѓу првите закупци кои обезбедија простор во Охрид Мол се грчкиот ланец на супермаркети Веро заедно со Џамбо продавниците. Морам да напоменам дека веќе има огромен интерес на домашните и светски брендови за закуп на локал во објектот и очекуваме брзо исполнување на капацитетитот на трговскиот центар.”, изјави Влатко Богоевски, генерален менаџер на Фортон Македонија.

Изградбата на Охрид Мол е во тек, а отворањето е предвидено за април 2019 година. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 10 милиони евра и ќе биде од значаен придонес за домашната економија, како и за градот Охрид и овој дел од Македонија.

Сподели!
- Advertisement -