Македонските компании во чие работење секојдневно останува вишок храна, ќе имаат можност храната да ја донираат за социјално ранливите граѓани и притоа да добијат даночни олеснувања и позитивен општествен угледГраѓанската организација „Ајде Македонија” покрена иницијатива за формирање Мрежа за донирање храна, поддржана од македонските компании. - Advertisement -
Како што информираат од „Ајде Македонија”, иницијативата има цел да воспостави одржлива соработка помеѓу бизнис заедницата и граѓанскиот сектор. Учеството во иницијативата на компаниите ќе им овозможи ослободуање од данок на добивка до 5% и од ДДВ, избегнување на трошоците за уништување на храната, кои чинат 3.100 денари за тон храна, како и позитивен јавен углед, а ќе бидат поддржани со поедноставени процедури и можности за редово донирање на вишокот храна. Придобивките за општеството, според „Ајде Македонија”, би биле обезедена храна за илјадници социјално загрозени граѓани, поголема грижа за животната средина преку намалено количество на отпадот од храна. - Advertisement -
Според податоците на организацијата, 445.000 граѓани во Македонија можат да си дозволат само еден оброк дневно, а во исто време, како што покажуваат податоците од 2014 година, околу 1.730 тони храна секојдневно завршуваат на скопската депонија „Дрисла”. |
Домашните компании кои ќе донираат храна ќе добијат даночни ослободувања
- Advertisement -
- Advertisement -