Ова радио работи на вода

- Advertisement -

Со децении радијата функционираа на истиот начин – еден куп копчиња за да се најде соодветна фреквенција и да се слуша музика. Компанијата Pour Reception сака да го направи слушањето радио позабавно така пто слушателите ќе треба да тураат вода во чаши за да го контролираат радиото.

Уредот е дело на уметниците и дизајнери Тор Кнудсен, Симон Окхолм Хансен о Виктор Пермилд. Радиото користи две чаши поставени на горната површина која е чувствителна на притисок за да ги врши основните функции, пишува PSFK.

- Advertisement -

Доколку турате вода од една чаша во друга ќе менувате фреквенција, ако го допрете стаклото на чашите ќе го смените квалитетот на звукот, а доколку ја допете водата ќе го смените волуменот. Оваа технологија исто така се користи за дизајнирање паметни телефони.

Проектот нема за цел истражување на можностите од технолошки аспект туку експериментирање со дизајнот.

Сподели!
- Advertisement -