Ralph Lauren дизајнираше паметни униформи за параолимписките и олимписките тимови на САД

- Advertisement -

Годинашната локација на Олимписките игри – Пјонгчанг во Јужна Кореја –  е една од најладните локации каде што се одржува овој меѓународен спортски настан. Додека на некои спортисти не им пречат ниските температури, на тимовите сепак им треба соодветна опрема за да го издржат студот. Со цел да ги стопли олимписките и параолимписките тимови на САД во Пјонгчанг американскиот моден бренд Ralph Lauren направи високотехнолошки униформи, пишува Architect Magazine

Ralph Lauren од 2008 година наваму ги опремува тимовите на САД за Олимписките игри. Годинашните паметни униформи имаат вградени панели со мастило кои пренесува топлина. Малата вградена батерија во јакните има три нивоа на топлина и доколку е целосно наполнета може да работи до 11 часа. Практично, јакните функционираат како електрични ќебиња, но технологијата не е видлива и навидум се како и сите нормални зимски јакни. Спортистите можат да ја наместат саканата температура преку апликација за телефон. Од Ralph Lauren најавија дека оваа технологија понатаму може да ја вградуваат и во друга облека.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -