Social Impact Award е бренд добро познат на македонската сцена, кој стои позади натпреварот за социјално претприемништво кој се одржува веќе неколку години. Оваа година наградата за социјално претприемништво по четврти пат ќе го разбуди претприемничкиот дух кај младите во Македонија.
Имено, наградата за социјално претприемништво е натпревар и едукативна програма за поддршка на претприемачки идеи меѓу студентите кои имаат потенцијал да се развијат и да се имплементираат како иновативни решенија за глобалните проблеми.
Организаторите велат дека нивната мисија е со наградата е да се зголеми интересот меѓу младите за социјалното претприемништво и преку него тие да ги спознаат можностите за развојот на сопствената кариера.
Натпреварот официјално започнува во четврток, на 22 февруари и ќе трае од 17 до 20 часот во Јавна соба.
За повеќе информации погледнете го Facebook настанот на следниов линк.