Додека компаниите инвестираат милијарди во развојот на автомобили во кои нема да има потреба од учество на возачот, сегашниот ментален склоп на луѓето уште не е подготвен за да ја препушти контролата на вештачката интелигенција
Моментално кај беспилотните возила најавтоматизирана е третата генерација, четвртата генерација доаѓа наскоро, а во текот на оваа деценија беспилотните автомобили ќе еволуираат до петтата генерација. Се прашувате што е петта генерација? Тоа е целосно самостојно возење, без потреба од асстенција на возачот. Токму тоа, според истражувањето на Reuters, е она што ги плаши најголем дел од Американците.
Анкетата која опфати 2.592 возрасни треба да биде сериозно сфатена од компаниите кои рзвиваат технологија и автомобили и трошат милијарди долари н развој на возила кои во иднина ќе возат самостојно. 27% од испитаниците се изјаснија дека сосема би биле во ред да се возат во такви автомобили, но тоа е малцинство. Идејата технологијата и роботите да управуваат со нашите животи предизвикува непријатност кај најголем дел од луѓето. Според оваа анкета на Reuters, мислењата варираат во зависност од возраста и полот на испитаниците, пишува 24 sata.
На пример, мажите, за разлика од жените, во најголем број немаат никакво проблем со целосно беспилотните автомобили. Испитаниците од средна доба исто така немаат страв од автономните автомобили, за разлика од испитаниците од третата доба. Понатаму, 38% од мажшките испитаници би се возеле во беспилотни автомобили, а 55% не би прифатиле. Меѓу жените само 16% би се возеле во таков автомобили, а дури 77% категорично одбиваат.
Индустриски аналитичар за Reuters ги коментира овие резултати. Тој вели дека луѓето се скептични затоа што уште немале прилика да се возат во тактви автомобили. „Зборуваме за апстрактни работи кои многумина уште не ги искусиле од прва рака“ вели тој.
Ова не е единственото такво истражување кои ги разоткрива сомнежите во целосн автономните автомобили. Ваквиот ментален склоп кај луѓето нема да се промени се додека не почнат првите тест возења, кои би требало да ги разубедат скептиците да го променат мислењето.