Епл размислува да го понуди досега најголемиот ајфон

- Advertisement -

Американскиот технолошки гигант Епл планира во текот на 2018 година да претстави три нови телефони, меѓу кои ќе биде досега најголемиот ајфон.

Епл се обидува да го надомести релативниот неуспех на ајфон Х, кој во последниот квартал од 2017 година се продаде во 77,3 милиони примероци, наспроти очекувањата од над 80 милиони. Една од најавите е дека Епл ќе излезе со поефтина верзија на ајфон Х, чија висока цена од 1.000 долари се смета за главен проблем за слабата продажба. Дополнително, Епл ќе претстави и нова, технолошки понапредна верзија на ајфон Х, која ќе биде со истата големина.

Но, најмногу возбуда предизвика најавата за голем мобилен телефон со екран од 6,5 инчи. Голем како некој од помалите таблет компјутер, телефонот ќе биде поголем и од досега најголемиот ајфон – моделот 8 плус, и ќе овозможи работење на поделен екран.

- Advertisement -

МИА

Сподели!
- Advertisement -