Space10 е лабораторија за истражување и иновации на ИКЕА, посветена на развој на смели и одржливи бизнис модели. Последниот проект на лабораторијата е селекција на препознатлива брза храна направена со неконвенционални, но сепак здрави и одржливи состојки.
Експериментите на Space10 вклучуваат модерни неконвенционални состојки како што се спирулина или црви во класични оброци како хот дог или сендвич. Идејата е да се трансформира односот на луѓето кон необичните состојки кои можат да бидат потенцијално поздрави и поодржливи отколку тие што моментално ги консумираме, пишува New Atlas.
Ѕвезда на новата селекција оброци е Dogless Hotdog, вегетаријанска верзија на американскиот класичен хот дог преполна со трвки, кромид, моркови, краставици и кечап направен од цвекло и од бобинки. Она што го прави овој оброк уште понеобичен е зеленото лепче кое е направено со микроалги наречени спирулина, кои содржат 50 пати повеќе железо отколку спанаќот и неверојатно високи нивоа на бета-каротен.
„Спирулина е неверојатна за печење. Го прави тестото да изгледа одлично и добивате хот дог кој не содржи воопшто месо, но има повеќе протеини од обичниот хот дог. Забавно е, ве тера да размислувате и е подобро и за луѓетио и за планетата“ велат од Space10.
Bug Burger е одржлива верзија на класичниот хамбургер со плескавица направена од цвекло, пашканат, компири и црви.Црвите сочинуваат околу 20% од плескавицата. Neatball го содржи истите состојки од плескавиците, при што има една верзија која е направена само со корени, а друга само од црви. Други експериментални јадења од компанијата се салати направени од тревки кои се одгледувани хидропонски и четири вида сладолед од тревки со многу малку шеќер.
Нема најава дали овие рецепти ќе излезат од лабораторија и ќе се служат во кафулињата на ИКЕА. Засега сето тоа е само концепт, но Горан Нилсон, менаџер за концепти и иновации во ИКЕА, инсистира дека целата поента на лабораторијата е да се експериментира со нови начини на кои животот на луѓето ќе го направат подобар и поодржлив.